Bookbox

Што би се случило кога би постоела органа на која наместо тонови се свират мириси? Или инструмент што ги претвора звуците во бои? А што ако музиката може да се создава само со мисла, со движење на ѕвездите или дури со повлекување на опашките на мачки? Звучи како фантазија, но историјата на музиката е полна со токму вакви необични замисли – некои никогаш не биле реализирани, други навистина биле конструирани, а трети се наоѓаат некаде меѓу измисленото и стварното.

Во поголемиот дел од 39-тиот игран филм на Спилберг единствени што разбираат што навистина се случува се два лика со натприродни способности, за кои и самите не знаат од каде им се. Ние до крајот останавме во онаа другата група, ем без посебни когнитивни вештини, ем посиромашни за два и пол часа. 

Додадена уште една нота во најбавната композиција на светот

Во време кога сè се случува сè побрзо, во еден средновековен храм во Германија веќе четврт век се изведува најбавниот музички концерт во светот. Делото на авангардниот композитор Џон Кејџ е замислено да трае неверојатни 639 години, а секоја промена на акорд претставува вистински историски настан што привлекува посетители од целиот свет.

Зошто белото знаме е симбол на предавање?

Белото знаме денес е универзален симбол на предавање, примирје и желба за прекин на борбите. Го гледаме во филмови, книги и историски реконструкции. Неговата употреба датира уште од пред повеќе од две илјади години, а причината поради која токму белата боја станала знак на капитулација е многу попрактична отколку што би се очекувало.

Како Луис Армстронг станал „Сачмо“?

Малкумина музичари оставиле толку длабока трага во историјата на џезот како Луис Армстронг. Освен по виртуозната свирка на труба и препознатливиот глас, тој остана запаметен и по прекарот „Сачмо“, кој со текот на времето стана речиси подеднакво славен како и неговото вистинско име. Зад овој необичен прекар се крие интересна приказна, исполнета со хумор, случајности и духот на Њу Орлеанс.

Римски-Корсаков како етнолог

Минатата година во светот беа одбележани 100 години од смртта на славниот руски композитор. Помеѓу статиите кои излегоа по тој повод една ни остави посебен впечаток, затоа што го претставува во малку поинакво светло - како ревносен запишувач на народни песни.

Повик за повлекување на 400 научни статии заради неетичко користење органи од кинески затвореници

Студија спроведена од австралиски истражувачи повикува на масовно повлекување на повеќе од 400 научни трудови поврзани со трансплантанција на органи. Причина: сите органи врз основа на кои биле правени трудовите биле неетички добиени од кинески политички затвореници

Нацистот што го доби првиот Оскар за главна машка улога

Бил брилијантен германски актер од времето на немиот филм кој палел и гасел во Холивуд. Но кога продуцентите го отпуштиле затоа што неговиот акцент не бил соодветен за ерата на звучниот филм, си нашол ново вработување. Кај Гебелс. 

„Нашиот пат“ од GP и Steffonator

„Најголема промоција до сега“, велеше најавата за настан одржан на 26 јануари во МКЦ, кој со својата масовност ги затече дури и своите амбициозни промотори. „Стампедо на промоција“, „Редици и навалици за потпишување книга“, гласеа некои од насловите по него, придружени со куп коментари од родители гневни на организацијата и од „сериозни“ литерати згрозени од гужва за книга, a не нивна. Сигнал дека првите локални ѕвезди на дигиталното доба (и можеби на новата книжевност) се тука.

До неодамна сме легнувале два пати во текот на ноќта

Феноменот има име - бифазна или бимодална шема на спиење, која се задржала долго во човечката историја. Кога и зошто се случило да почнеме да спиеме цела ноќ?

„Не ми зборувај додека те прекинувам“

Бидејќи стандардните бон-тон прирачници одамна не се атрактивни, босанскиот автор Ненад Величковиќ и илустраторката Маја Веселиновиќ се обидуваат да им пристапат на младите „од спунт“ - со иронија и благ цинизам, кои за жал на моменти звучат многу реално.

Како да вежбаш како Кафка

Доколку би се нашле во 1910-тите на улиците на Прага ноќе, лесно би можеле да налетате на полуголиот (или целосно голиот) Франц Кафка, кој трча, скока и се растегнува на својот прозорец.

Дау: филмскиот проект кој забега во антрополошки експеримент

Започнал како снимање филм, а прераснал во огромен проект во кој учесниците јаделе, работеле и спиеле на сет историски лоциран во поранешниот Советски сојуз. И тоа со години.

Салвадор Дали воскресе - вистина воскресе

Ars longa, vita brevis e латински превод на изрека која оригинално е на старогрчки, на древниот доктор Хипократ. Но дури ни тој не можел да претпостави дека вештачката интелигенција ќе биде во состојба да продолжи векот не само на уметноста, туку и на нејзините создавачи.

Книга која ги покажува плановите на Хитлер за САД и Канада

Националната библиотека на Канада набавила книга во некогашна сопственост на фирерот, која ги отсликува неговите планови за еврејското население во прекуокеанските земји. Таа покажува што можело да се случи доколку Втората светска војна завршела поинаку.

За да опстане човекот морал прво да се припитоми самиот себе

Ричард Врангам се смета за еден од водечките истражувачи на човечката еволуција. Темата на неговата нова книга, која излезе денес, 29.1, е стара но сè уште актуелна - како да се разбере симултаното постоење на сурова агресивност и кооперативно однесување кај луѓето.

Ник Кејв: Зошто вештачката интелигенција не може да направи одлична песна?

На својот официјален сајт Ред рајт хенд Кејв одговара на одбрани прашања на своите фанови. Некој Петар од Словенија го прашува - Со оглед на тоа што човечката имагинација е последниот бастион на дивината, дали е можно вештачката интелигенција да напише добра песна? Одговорот има врска не само со музика, туку со нашата потреба да сонуваме и да мечтаеме.

Koга здравјето зависи од зборови

Светот на рекламите и маркетингот ни асоцира на конзумеризам, манипулација, генерално лага и измама. И ова е честа тема за расправа со пријатели кои работат во овие сектори. Но со една реклама успеаа за момент да нè замислат, дека можеби понекогаш, само понекогаш, е поинаку.

Научниот експеримент кој ќе трае следните 500 години

Во 2014 неколкумина микробиолози започнаа студија која го редефинира терминот „долгорочна“. Затоа што трае, ни помалку ни повеќе, колку пусто турско.

Од Бразил до Балканот: стапиците на деминутивот

Сè почна од текст во кој се анализира зошто Бразилците сакаат да зборуваат по „бебешки“, односно зошто користат голем број деминутиви. За од Бразил набргу да стигнеме до друго Б - до Балканот.

Феноменот на самозаљубениот актер-режисер

Во новиот Тhe Mule, 88-годишниот Клинт Иствуд кој си игра во сопствениот филм, си мести сцени во кои има тројка со дваесетгодишни девојки. И тој не е единствениот кој го следи старото режисерско - ш`о сакам, тоа си пра`ам.

Вистинската приказна за жената која фалсификувала писма на познати писатели

Писателка која лажира ракописи на други, многу пославни писатели. И која тешко дека би можеле да ја наречеме криминалец, особено откако ја видовме отелотворена од Мелиса МекКарти.

Чудниот обичај на Индијците да истураат млеко врз филмски билборди

Иако може да изгледа така, ова не е некаков протестен чин. Токму обратното.

8-те книги кои се инспирација за филмовите номинирани за Оскар

Oваа недела беа обелоденети номинациите за 91-то доделување на најпрестижната филмска награда. Ако не можете во моментов да најдете некои од филмовите, не очајувајте. И онака книгата најчесто е подобра.

Караницата која е заслужна за создавањето на електричната гитара

Лес Пол и Лео Фендер биле јаки конкуренти. Но нивното ривалство ги водело во иста насока - кон спојот на жичаниот инструмент со електричната струја, кој го сменил текот на музичката историја.

„Урбани легенди“ од Васко Марковски

Шпиц и Уки. Картерот. Ѕуљо, Железничарот. Оџакот, Коцка и чинарот. Ако ги знаете, ќе влезете во времеплов кој истовремено ќе ве натажи и ќе ве освежи. Ако сте премлади за да се сеќавате, ќе научите како вистински се бива „градска фаца“.

Археологијата потврдува: злосторството на носење сандали со чорапа има древни корени

Обично ги поврзуваме со туристи од северот, кои од шубе да не настинат или заради некаков извитоперен моден вкус, ги носат по морските шеталишта. Ама историјата на чорапосандалата е малку подолга, а географскиот опсег поширок.

Напиши состав - добиј куќа крај канадско езеро

Една Канаѓанка, откако не успеала да ја продаде куќата за планираната сума, одлучила дека ќе ја даде на оној кој ќе напише најдобар состав на тема: „Зошто селењето во куќа од соништата крај езеро би ми го сменило животот?“. Што чекате?

„Го викав Морган“ (Нетфликс, 2018)

Ли Морган е веројатно еден од најзначајните џез трубачи во историјата, иако далеку од популарноста на еден Луис Армстронг или Мајлс Дејвис. Една од причините за ова е што умрел прерано. Поточно, бил убиен од неговата сопствена невенчана сопруга, на само 33 години.