Психолог од Универзитетот на Хаваи, Леон Џејмс, развил алатка наречена „Скала за одредување на синдром на агресивни пешаци“. Таа е направена така за да регистрира и мери непријателско однесување и насилни мисли поттикнати од тоа кога чекориме позади некого кој е тотална флегма, додека нам пеколно ни се брза.
Бавните нешта нè полудуваат заради динамиката на одвивање на нештата која ни го има пореметено чувството за време. Нешта кои нашите предци би сметале дека се чудесно ефикасни, сега прават да доживуваме нервен слом. Трпението станува ендемски човечки квалитет. И тоа има врска со нашиот живот на интернет, каде работите се одвиваат премногу брзо за истото темпо да може да се преслика и во аналогната област - то ест на улица, во самопослуга, во сообраќај. Денес инсистираме веб страниците да ни се вчитуваат за четврт секунда, а во 2009 немавме проблем со две секунди, односно со четири во 2006.
Трпението и нетрпението некогаш имале еволутивна цел. Тие го сочинувале јин и јанг-от на рамнотежата, фино наштелуван внатрешен тајмер кој ни кажувал кога нешто сме чекале предолго, и било време да се откажеме од непродуктивната активност. Нетрпението значи штедело време и енергија и поттикнувало да дејствуваме.
Но оваа добра стана на нетрпението сега веќе не важи. Нашиот внатрешен тајмер е пореметен, и тој создава очекувања кои не можат да бидат доволно брзо наградени. А токму тие - очекувањата - особено ако се нереални (сообраќајна гужва може да се расчисти во физички реално време, а не магично, за миг) се заебот; се лутиме на нешто кое не е „виновно“ што е бавно, само затоа што сме натерани да мислиме дека сè може да биде брзо. И не е ни чудно што така резонираме - човечкото движење од предмодерни времиња до денес е сто пати побрзо. Брзината на комуникациите е за 10 милиони пати поголема, и тоа само во 20 век, а преносот на информации околу 10 милијарди пати.
Дали е можно да си ја стишаме лутината во врска со бавноста и да се натераме да бидеме трпеливи? Да, но треба да најдеме начин да си ги ресетираме нашите внатрешни тајмери, и тоа не со потиснување на негативните чувства, бидејќи се покажало дека оној кој се воздржува и воздивнува додека чека на каса потоа се части со нешто непотребно кога конечно ќе дојде негов ред.
На пример, вака: