Bookbox

Филмот на Џенифер Пидом ја враќа заслугата на Тензинг Норгај, алпинистот чие знаење за планината и извонредните вештини биле клучни за историското искачување на Монт Еверест во 1953 година. На моменти преромантичен и предвидлив, тој во себе сепак ја вклучува важната дискусија за британскиот (и секаквиот) империјализам и луѓето во сенка што ја овозможувале неговата моќ.

Врската меѓу античката митологија и модерниот аларм започнува со еден необичен научен инструмент од крајот на 18 и почетокот на 19 век.

По 28 години пешачење низ светот, Карл Бушби се врати дома

Звучи како штоф за филм, а таков наскоро и ќе видиме, во режија на Вернер Херцог. Во 1998 година тогаш 29-годишниот Карл тргнал од јужниот крај на Чиле со 500 долари во џебот и речиси невозможна идеја: да стигне до домот на мајка си во Англија без да користи превоз за да го скрати патот. Речиси три децении подоцна, по џунгли, граници, мориња и безброј препреки, британскиот авантурист е на само неколку стотици километри од целта - домот на неговата мајка во Хал, Англија.

Репортажа од Варшавскиот филмски фестивал, ден 3: Пливањето не е за девојчиња

За сцените со секс користеле координатор за интимност (!). Да и тоа постои. Актерите изјавија дека координаторката за интимност била пратена од бога, актерот особено ја пофали нејзината улога во сцените каде што требал да мастурбира.

„Рејџбејт“ е германскиот младински збор на годината за 2026

Содржините што намерно нè лутат станаа толку вообичаени на интернет што добија и официјален сленг термин - иако е на англиски, тој е прогласен за најпопуларен збор помеѓу младите во Германија.

Скорпио Мартијанус или како да станеш инфлуенсер зборувајќи - латински!

Во време кога „инфлуенсер“ најчесто значи брз и ефемерен дигитален спектакл, појавата на Лук Амадеус Раниери, попознат под неговото „уметничко“ име, делува речиси анахроно. И токму затоа е толку фасцинантна.

Дечкото со една нога кој освоил шампионска титула во борење

„Несопирливиот“ ја раскажува вистинската приказна за борачот Ентони Роблес, роден без десна нога, кој станал национален факултетски првак. Како филм тој запаѓа во стандардната (и помалку излитена) шема на спортски биографии, но е повод да дознаеме за оваа необична животна приказна. 

Букбокс читанка: Историја на железниците во Македонија (1873-1973)

Можеби сте забележале дека во Скопје во последно време често се организираат бувљаци или катчиња за размена на облека и други предмети. На еден таков наидовме на обемна книга во дебели корици, која со голема систематичност и интердисциплинарност одбележува 100-годишен јубилеј од првата поставена железничка пруга на територија на Македонија. Тоа што во 2023-та не излегло ново вакво издание, за 150-годишнината, покажува колку нештата се смениле. На полошо.

Запознајте ја Снежана Радојичиќ - велосипедски номад

Српска авторка и патеписец која во 2011 година, на околу четириесетгодишна возраст, го напушта својот дотогашен стабилен живот и тргнува на патување околу светот – со велосипед. Во изминатите повеќе од тринаесет години таа има поминато низ повеќе од 50 земји на неколку континенти. На јутјуб можете да ја најдете под „Циклономад“.

Со Стент во срцето

„Му ставија стент“ е честа завршница на кардиолошка интервенција денес. Но зад овој термин стои приказна што започнува во стоматологијата во 19 век, продолжува преку воената хирургија и завршува со револуционерни интервенции во современата медицина.

Што значи зборот „дијабетес“?

Иако античките лекари немале пристап до современото знаење за телото и неговите биохемиски процеси, нивната способност за внимателно набљудување често доведувала до изненадувачки точни описи на болестите. Така е и со дијабетесот – состојба која старогрчките лекари ја препознале и опишале со голема прецизност, иако не ги разбирале нејзините вистински причини.

Слоуџамастан - најновата „држава“ во светот

Во свет во кој границите се строго исцртани, а државноста е прашање на политика, историја и моќ, постои и една поинаква „земја“ – создадена од фантазија, хумор и желба за бегство од секојдневието. Слоуџамастан, самопрогласена микродржава во пустината на Калифорнија, е токму таков експеримент.

Наставникот што се претставувал како адмирал (дур не го фатиле)

Во време кога авторитетот често се гради преку титула или униформа, границата меѓу вистината и претставата станува сè понејасна. Приказната за „лажниот адмирал“ звучи како сценарио за сатиричен филм, но всушност открива колку лесно симболите на моќ и престиж можат да создадат илузија што трае со години.

Првоаприлска Букбокс друштвена игра, ама вистинска

Игра со која пред се ќе се идентификуваат оние во академските кругови. Но корисна и за другите, да видат како им е на првите. Малку хумор и (како и секогаш во хуморот) доза реалност го претвора научниот свет во поле за (не)културен натпревар помеѓу научниците, каде што не победува најпаметниот, туку најцитираниот.

Берта Бенц - жената која тајно ја извозела првата долга автомобилска рута

Историјата на автомобилот обично се раскажува како приказна за изуми, машини и машки гении. Но зад еден од клучните пресврти стои Берта Бенц - жена која не само што верувала во идејата за автомобил, туку и ја претворила во реалност на патот. Нејзиното храбро патување во 1888 година не било само авантура, туку момент што засекогаш ја променил перцепцијата за моторното возило.

Зошто лабораториските мантили се бели?

Во популарната култура, научникот речиси секогаш изгледа исто: бел мантил, очила, епрувети и некаква мистериозна опрема. Но оваа слика не е природна ниту вечна – таа е резултат на долга историска трансформација во која модата, хигиената и општествените очекувања постепено ја обликувале јавната претстава за науката.

Најголемата измама во историјата на физиката?

Во 1745 година, Јохан Беслер умира паѓајќи од ветерница што самиот ја градел. Ова означува крај на живот обележан со сиромаштија, скандали и напуштеност. Но она што го оставил зад себе не беше само лична трагедија, туку и една од највознемирувачките научни мистерии на раното модерно доба: дали навистина постоела машина што може да се движи вечно или светот бил сведок на една од најуспешните измами во историјата?

Букбокс гледанка: „Случајот на Фрида“ (2025)

Дебитантски филм на германско-швајцарската режисерка Марија Брендл (достапен на ХБО), во кој таа се навраќа на малку познат, но историски значаен судски процес. Базиран на вистински настани, филмот ги отвора прашањата за срамот, моралот и борбата за женска еманципација, следејќи ја судбината на младата шивачка, обвинета во 1904 година за убиството на својот петгодишен син.

Виновник за летното сметање на времето е аматер инсектолог (а не Бенџамин Френклин)

Двапати годишно, часовниците се поместуваат, а заедно со нив и нашето чувство за време. Иако оваа практика изгледа како едноставна техничка мерка, зад неа стои сложена историја исполнета со идеи, заблуди и постојани расправи.

Збор на денот - „емственик“

Ако сте адвокат, нотар, правник, ова сигурно не ви е баш нешто „вау“, бидејќи терминот го слушате речиси секој ден. Ама можеби дури и вие не знаете од каде потекнува. 

Имаме што да научиме од кокичето

Знаеме од школските читанки и од составите што требаше да ги пишуваме за „Пролетта во нашиот град“. Постои едно мало цветче што тивко го најавува доаѓањето на „подобриот“ дел од годината. Нежно, но упорно, тоа се пробива низ снегот и мразот, носејќи порака за надеж и обновување за оние што ќе застанат да го забележат. 

Харалд Синозабиот или зошто се вика „блутут“?

Технологијата за којашто станува збор денес е дел од секојдневието – ја користиме за поврзување слушалки, телефони и други уреди без кабли. Но зад ова име се крие неочекувана приказна што води сè до времето на Викинзите.

Мозочни клетки во тацна научиле да играат „Дум“. Иначе?

Она што до вчера изгледаше како чиста научна фантастика, денес сè повеќе станува дел од научната реалност. Експерименти во кои мозочни клетки учат да играат видеоигри или цели мозоци се пресликуваат во дигитален свет отворajќи нови хоризонти, но и нови дилеми. Колку сме блиску до иднина во која границата меѓу човекот и машината ќе исчезне?

Ластовичaрање или пролетно „коледарење“

Во голем број култури, доаѓањето на пролетта се прославува со песни, обичаи и симболични ритуали. Во Грција, еден од најстарите такви обичаи се тн. „ластовичји песни“ - детска традиција што го најавува враќањето на ластовицата и обновувањето на природата. 

Фала на комплиментот!

За еден комплимент да делува, тој мора да биде веродостоен, искрен и соодветен на ситуацијата. Ако не се вклопува во тоа како личноста се гледа себеси, најчесто ќе биде тивко или гласно отфрлен. Луѓето со пониска самодоверба потешко ги прифаќаат пофалбите, бидејќи тие не се согласуваат со таа, поубава слика за нив.

Од каде зборот „калабалак“ во шведскиот?

Неред, гужва, хаос. Она што и ние го користиме како турцизам влегло во шведскиот јазик по историска битка од 18 век во која Отоманската војска се судрилa со тогашниот крал на Шведска. И тоа не е крајот на ширењето на зборот вон балканска територија. 

Како е да те удри гром?

Оние што го преживеале го опишуваат како едно од најневообичаените и најтешко разбирливи искуства. Ударот од гром остава последици врз телото, умот, но и по чувството за реалност. Често дури ни блиските не веруваат дека симптомите се вистински, па луѓето се здружуваат во групи за поддршка. 

Зошто се има сменето акцентот на Тејлор Свифт?

Луѓето спонтано ги прилагодуваат своите говорни навики за да ја намалат социјалната дистанца и полесно да се поврзат со другите. Ова не е манипулација, туку проста адаптација, особено на нова околина или друштво. И сето ова лингвисти го покажуваат преку следење на промената на начинот на кој зборува (во интервјуа и при јавни настапи) позната пејачка.

„Радиоактивен инцидент“ - серија за вистинска катастрофа за која малку се знае

Радиjaционата несреќа во бразилскиот град Гоијанија од 1987 година е влезена во не-толку-познатата историја како најголемата во светот што не е поврзан со нуклеарна централа. Оваа серија во пет епизоди достапна на Нетфликс ги пренесува настаните пред, за време и по настаните - башибозукот, неодговорноста и необразованоста кои довеле до нив, но и храброста на оние кои го ограничиле нејзиното дејство.