Името „блутут“ потекнува од Харалд Синозабиот Гормсон, владетел од 10 век кој ги обединил Данска и Норвешка. Неговиот прекар најверојатно се должел на тоа што имал преден „мртов“ темно син или сив заб. Со текот на времето, Харалд станал симбол на обединување – идеја што подоцна ќе добие ново значење во светот на технологијата.
Во 1996 година, компании како Интел, Ериксон и Нокија работеле на нов безжичен систем за поврзување уреди. Инженерот Џим Кардах предложил кодно име „блутут“, како метафора – исто како што кралот ги обединил народите, така технологијата да ги поврзе различните уреди и индустрии. Иако првично името било замислено како привремено, подоцнежните предлози не биле прифатени, па „блутут“ останало и станало официјално име.
Дури и логото има историска позадина: тоа е комбинација од две руни што ги претставуваат иницијалите на Харалд Синозаби, поврзувајќи ја древната симболика со модерната технологија. Така, од викиншки крал што обединува територии, до технологија што поврзува уреди, значењето на „блутут“ останува исто – симбол на поврзување.
фото: Фабрик Брандс