Bookbox

Дали некоја сцена од филм, серија или видео-игра ви останала во сеќавање како да сте ја доживеале лично? Според нови психолошки истражувања, ваквите „фиктивни“ спомени можат да бидат исто толку живи и емотивно значајни како спомените од нашиот реален живот.

Кралската академија во Лондон ја отвори изложбата „Восхитувачки нешта: цртежите на Виктор Иго“ (Astonishing Things: The Drawings of Victor Hugo), која нуди редок увид во визуелниот свет на славниот француски писател.

Букбокс интервју со историчарката Ивана Хаџиевска: „Нештата не се толку комплицирани за да се објаснат“

По повод излегувањето на нејзината збирка есеи „Суспендирана итност“, во издание на Илика, зборуваме со историчарка која наспроти стереотипите за оваа професија кај нас, има поинаков, интердисциплинарен пристап кон толкувањето на минатото, кој се одликува со нагласен хуманизам.

Весници објавија список со лажни наслови на книги како препораки за летово

Секако, претпоставувате - насловите на делата се генерирани од вештачка интелигенција. Но бидејќи авторите се реални, човек лесно може да помисли дека станува збор и за вистински список.

Индиска авторка добитничка на Меѓународниот Букер

Писателката, правничка и активистка Бану Мустак влезе во историјата со тоа што стана првиот автор награден со престижната Букерова награда кој пишува на јазикот канада. Признанието ѝ се доделува за збирка раскази за тешкиот живот на жените во јужна Индија.

Букбокс гледаше: „Ли“ (2024)

Биографски филм за американската фоторепортерка Елизабет „Ли“ Милер, која во текот на Втората светска војна била воен дописник на „Вог“. Зошто до скоро не знаевме за неа? Затоа што самата не го сакала тоа. 

Крв од течно чоколадо: зошто Хичкок го снимал „Психо“ во црно-бело?

Во 1960, кога излегол „Психо“, Хичкок веќе бил етаблиран помеѓу големите имиња на „златното доба“ на Холивуд. Но овој филм го зацементирал неговиот статус и придонел за создавање на стилистичката придавка „хичкоковско“. Иако повеќето филмови тогаш веќе се снимале во колор, големиот режисер донел поинаква одлука.

„Maшината на Хабермас“ му е мајката!

Основачот на лабораторијата за вештачка интелигенција ДипМајнд на Гугл неодамна се закити со Нобелова за хемија, за предвидување на структурата на протеините. Но сега тој ја аплицира технологијата за создавање на алатка која би требало да помогне во креирање консензус по какво и да е прашање за кое има крајно спротивставени мислења. 

Зошто Нетфликс толку бргу укинува серии?

Најново откажување на серија на Нетфликс е „Каос“ - сатиричната адаптација на старогрчки митови во современи услови, со Џеф Голдблум во главната улога на Ѕевс. Фановите се револтирани, но дали навистина сите оние што се бунат ја гледале серијата или само креваат џева?

Докторот што пренесе 250 психијатриски пациенти со воз од Белград до Загреб за да им обезбеди пристоен дом

„Ако тука можеле да живеат грофови, зошто не и душевно болни?“ - рекол доктор Иван Барбот, невропсихијатар и управник на Душевната болница во Белград по силната борба со администрацијата и голем број неуспешни обиди да го реши сместувањето на своите пациенти. Објектот што го имал предвид бил на 40 километри од Загреб, а во него претходно навистина живеел аристократ. 

Букбокс гледаше: „Супстанцата“ (2024)

Ова е паметен филм, кој  заведувајќи со глетки на млади, еластични тела со затегната кожа и кренати задници, истовремено го казнува тоа наше алчно око со сцени на екстремна грдост, вперувајќи го прстот со долг пожолтен нокт и старечки дамки обратно - од огледалото, кон „матриксот“ на неговиот одраз.

Она што прави некои живи организми да светат се вика - луциферин!

На вчерашниот прв ден од конференцијата „Наука за деца“ требаше да биде нели, за деца. Ама и на некои возрасни им се отворија очите од едно хемиско-етимолошко сознание.

Tajното оружје против нацистите на Черчил била - неговата снаа

Памела Хариман има навистина интересна биографија. Се смета за „најголемата куртизана на својата ера“, а децении по нејзината смрт за неа се уште има поделени мислења - дали била многу лукав играч на светската политичка сцена или само бесрамно алчна за пари и слава. Можеби двете?

Специјалните клавири произведени за американската војска во Втората светска војна

Се викале Виктори Вертикал и биле пијана произведени од Стенвеј специјално за американската армија. Имале и посебна, транспортна кутија која ги штитела од оштетувања. Целта била преку музика да се крева моралот на војската, и во тоа овие инструменти сигурно помогнале. 

Жената со џуџест раст што направила револуција во издаваштвото

Помислете на омилениот научно-фантастичен роман. Сигурно го знаете насловот и авторот. Но што е со уредникот или издавачот? Една жена се уште го нема добиено заслуженото признание за тоа што ги проширила границите на научната фантастика и на фантастиката воопшто, приближувајќи ги до нови читатели.

За што воопшто служат оние цитати на почетокот на книгите?

Би требало да сигнализираат нешто во врска со она што следи - инспирација, лично „вјерују“, можеби цитат кој заменува посвета за оној што разбира зошто тој е таму. Сето ова, и многу повеќе, е тема на постојани дискусии за тн. епиграфи во познатите книги. 

„Не остана ли ништо свето?“: спортскиот скандал што ја тресе Британија

Можеби мислите дека има врска со фудбал. Или со тенис, коњски трки, бокс. Не, оваа приказна за актуелна контроверзна победа на домашно првенство има врска со - челичен костен!

Дали конечно ќе ги слушнеме предупредувањата од гласна музика?

Како што глобално расте бројот на случаи на тинитус (зуење во ушите), така стануваат сè популарни затки за уши, како и барањата за стишување на музиката на јавни настапи. ПА НЕ МОРА СÈ ДА Е ГЛАСНО!

Букбокс друштвени игри бр.12: „Реилроуд Инк“ или железници од мастило

Има некое чуство на задоволство во творењето/креирањето на било што. Кога пред твои очи празната хартија се трансформира во нешто за што на крајот ќе речеш: - „Го гледаш ова? Jас го создадов“. Во случај на Реилроуд Инк, тоа значи да создадеш најефективната транспортна мрежа од железници и патишта поврзувајќи ја точка А со точка Б низ навидум празното гратче на почетокот на играта.

Доста е и 100 - животниот век го достигнува своето биолошко плато?

Во 1990-тите голем број научници го критикувале предупредувањето на еден епидемиолог, кој тврдел дека брзото продолжување на човечкиот живот, кој се случи во 20 век, во еден момент ќе забави, па дури и ќе престане. Сега, нова студија покажува дека бил во право.

Букбокс гледаше: „Убиј ги прво децата“ (2024)

Најмалку четири македонски филмови во последниве три години имаат толку многу заеднички елементи, што доколку би се скратиле на помалку од час и споиле, би претставувале добар омнибус на урбани, пред сè скопски приказни. Од аспект на публика, „Убиј ги прво децата“ на Димитар Оровчанец може да е хендикепиран како најнов (последен?) во таа низа. Но ова може да биде и предност - со онаков диригентски потез на затворање во тупаница на отворената дланка, да означи некакво сумирање и најава за нов, следен бран.

„Света Сузана“ - кој е авторот на скандалозната опера од чија премиера луѓе беа изнесувани на носилка?

„Експлицитни сексуални сцени, пирсинг во живо и голи монахињи на ролерки“ - вака известија светските и нашите медиуми за премиерата во Државната опера во Штутгарт која се одржа деновиве. Иако звучи како да станува збор за нова опера, таа е всушност стара повеќе од 100 години.

Малку треба за „проект“ - телефон врзан за Шазам и бандера

Она кога експерти од областа на што и да е ќе ти кажат дека „тоа не е така“, дека треба да се аплицира на сто места и да се почне со работа само ако сумата е со пет цифри? Еден компјутерски инженер решил да истражува урбан звучен пејзаж само со - стар телефон поставен на раскрсница во Сан Франциско.

Загубената друштвена игра на Курт Вонегат конечно во продажба

Животот на Курт Вонегат не бил лишен од иронија. Борејќи се во Втората светска војна, овој потомок на долга низа германски имигранти во САД се нашол заробен во Дрезден, токму кога градот бил уништуван од сојузничките бомбардирања. Бил заробен во кланица, мотив кој подоцна ќе се појави во неговото славно дело „Кланица 5“. И во останатите негови книги преовладуваат антивоени расположенија. Оттаму, чудно е да се замисли дека тој е автор на друштвена игра во која се води - војна.

Донирај глас за „Буки“!

Сè започнува со едно паѓање од точак и кршење рака. На ова се надоврзува друга, емотивна загуба. Но сета тоа се преточува во креативност, од која произлезе нова платформа за транскрипција на усмен говор на македонски во текст. За нејзин понатамошен развој можете да придонесете и вие!

„Ураган“ всушност бил древен бог кој правел р'шум

Јужноамериканските Маи верувале дека се во вселената, од природниот свет до секојдневните искуства, е дел од една единствена моќна духовна сила. Не биле политеисти (како старите Грци) кои обожувале одделни богови, туку пантеисти кои верувале дека тие богови се манифестација на таа сила. Еден од нив се викал Ураган.

Во германскиот официјално одобрена употребата на „идиотскиот апостроф“

Deppenapostroph е колоквијално име на интерпункциски знак кој не е карактеристичен за германскиот, туку долго време е користен како влијание на англискиот. Сега високо лингвистичко тело во Германија го одобри, откако сфати дека премногу се раширил за да може да се игнорира.

Букбокс друштвени игри: „Оханами“ – игра за медитативно искуство

Bода, зеленило, камчиња и црешови дрвја. Ова се составни делови на една зен градина, позната ширум светот како „јапонска“. Токму со нив играчите на „Оханами“ ја прават својата, натпреварувајќи се која од нив е поубава.

Дали ви се има случено „Тетрис“ ефект?

Кога сте толку многу и толку долго задлабочени во една работа, посветувате големо количество време, напор и концентрација, што тоа нешто почнува да ви доминира во мислите, соништата и другите искуства кои не се директно поврзани со активноста. E, тогаш може да кажете дека сте „тетрисирани“.