Гитара што менува бои прилагодувајќи се на музиката

Технологијата е-инк веќе е вградена во смарт-телефоните и во електронските читачи. Наскоро, благодарејќи на истата, ќе сведочиме нова линија гитари што менуваат бои, можеби виолетова кога ќе се свири „Прпл рејн“ или бела за „Бело лице љубам јас“.

Научници и инженери од Ем-ај-ти ја развија е-инк технологијата уште во 1996. Од тогаш ова „мастило“ стана мејнстрим благодарејќи на е-читачите како Амазон Киндл. И други апарати како мобилни телефони и таблети исто така ја вклучија оваа технологија. Сега, за прв пат, таа стои зад нов тип гитара, која менува бои додека се свири на неа. 

Е Инк, компанија која специјализира во технологија на електронска хартија, започна партнерство со производителот на гитари, Крим Гитарс за да ја произведе Волтиџ ДаВинчи. Ефектот на инструментот лежи во Призма 3, е-хартијата која може да се програмира, а која користи електронски контролирани oбоени честички. Тоа значи дека телото на гитарата може да прикажува различни шеми и бои. Со тоа таа станува одличен дополнителен ефект во текот на динамична музичка изведба. Во моменталната верзија се достапни седум различни пигменти. 

Ова е истовремено еколошки одговорна технологија - материјалот е тенок, долготраен, многу лесен и троши многу малку струја. Крим гитарс пак произведува инструменти од 100% обновливо дрво. 

Цената на ваква гитара во малопродажба допрва ќе биде објавена, исто како и информација каде би можела да се купи. 

31 јануари 2025 - 16:38