Bookbox

Ако постои историска награда за најдолговечна легенда, тогаш онаа за изворот на младоста сигурно би била меѓу фаворитите. Со векови луѓето сонуваат за магично место што ќе ги подмлади, а името на Хуан Понсе де Леон речиси неизбежно се појавува секогаш кога ќе се спомне оваа приказна. Но зад митот за вечната младост се крие многу покомплексна и поинтересна личност - војник, истражувач, колонизатор и човек чиј живот бил исполнет со потрага по нови земји, богатство и слава. 

Со заминувањето на францускиот интелектуалец, светот загуби еден од последните големи мислители на 20 и 21 век, кој речиси цел век посвети на борбата против поедноставувањето на светот. Неговото дело беше обид да се покаже дека реалноста никогаш не може да се разбере преку едноставни поделби, цврсти категории или една дисциплина сама по себе.

Зошто има 60 минути во еден час?

Денес ретко размислуваме зошто денот има 24 часа, часот 60 минути, а минутата 60 секунди. Овој систем ни изгледа толку природен што речиси никогаш не го доведуваме во прашање. Но зад него не стои некој универзален закон, туку низа историски одлуки, цивилизации и практични потреби стари илјадници години. Дури и обидите да се создаде „пологичен“ систем не успеале да го заменат наследството што ни го оставиле древните народи.

Можеме ли ние да имаме еден Атенборо?

Пред некое време до нас стигна писмо од читател во кое споделува линк до документарна серија во продукција на МРТ. „Често гледам слични документарни филмови за некои далечни предели од различни делови од светот. Но, на мојата десетгодишна ќерка овие ѝ се омилени бидејќи се зборува на македонски јазик и се однесува на природата во Македонија. Сакам да ја однесам за да ги посетиме.“ Изгледавме неколку епизоди и ни се бендисаа, со пар фусноти.

Букбокс гледанка: „Поет“ (2025)

Филмовите за неуспешни уметници често лесно паѓаат во замката на романтизирање на страдањето или претворање на кризата во клише. Но „Поет“ избира поинаков пат. Наместо приказна за генијалност и триумф, тој нуди горчливо-смешен портрет на човек кој одамна останал заглавен меѓу сопствените амбиции и реалноста. Но дали е тој „лудиот“ или оние околу него кои ја девалвираат вредноста на уметноста, спојувајќи ја со „исплатливост“ и его?

Жетончиња, ама не за флипери

Не сите антиквитети носат возвишена и „чиста“ историја. Некои од нив во себе кријат попровокативно минато, полно со алузии на кадифени завеси, пригушена светлина од свеќи и на ноќен, таен живот. Во случајов станува збор за жетони со кои можеле да се добијат специфични услуги во „градот на светлината“.

Очи ширум затворени, вистинска - дали Кјубрик всушност покажал со прст на Епстин?

Околу филмот на Кјубрик со Том Круз и Никол Кидман се плете цела теорија на заговор. Според неа, тој е всушност предупредување или разобличување на реален педофилски култ меѓу светската елита. Маскираната оргија не е метафора, туку директен приказ на реални настани, а Кјубрик не го довршил своето дело бидејќи бил убиен за филмот да биде скратен и „исчистен“ од најинкриминирачките делови. Некои тврдат дека недостасуваат цели 24 минути.

Ново домашно милениче - чајна габа

Навидум ова и не е некоја тема за Букбокс. Ама има врска со социјални мрежи, младинска култура и што е најважно - со чај.

Кој е физичарот од Ем-ај-ти кој беше убиен во својот дом?

Нуно Гомез Луреиро, нуклеарен научник и професор на ΜΙΤ од Португалија, неодамна беше смртно застрелан во својот дом во близина на Бостон. Додека надлежните се во потрага по можниот сторител, јавноста развива теории - човекот се занимавал со развој на технологии кои би им ги испразниле џебовите на многумина на кои сега им се преполни.

Пржена камила, чорба од кенгур: божикната вечер кога Парижаните од зорт ја изеле својата зоолошката градина

Зимата 1870–1871 година била длабоко трауматичен период за жителите на Париз. Во само неколку месеци градот претрпел повеќе разурнувања отколку во кој било друг конфликт дотогаш, а сепак овој настан речиси исчезнал од колективната меморија. Причините за тоа се разбирливи, особено ако се земе предвид до какви крајности биле доведени луѓето за да преживеат.

Футуристите и нивната моќ не само да го предвидат, туку и да го обликуваат светот

Футурологијата, односно практиката на предвидување на иднината, не се состои само во замислување можни сценарија, како што тоа го прават филозофите или писателите на научна фантастика. Футуристите често настапуваат со авторитет, со тврдење дека нивната визија е неизбежна и дека токму тие имаат увид, ресурси или моќ да ја реализираат. Затоа нивните предвидувања често се прифаќаат од влади и корпорации како основа за политики и економски стратегии. Историјата покажува дека оние што ја „поседувале“ иднината, всушност поседувале и значајна форма на моќ.

Психијатарот кој ги проучувал нацистичките челници по Втората светска војна

Нов филм на Џејмс Вандербилт под наслов „Нинберг“ ја раскажува малку познатата приказна за психијатарот кој добивајќи задача да ја процени менталната и душевна состојба на нацистичките водачи пред нивното судење за воени злосторства опсесивно се обидува да го разбере феноменот на злото, истовремено воспоставувајќи сомнително блиска врска со Херман Геринг. Човекот реално постоел и се викал Даглас Кели. 

„Мечка“ е јапонско канџи на 2025-та

Симболот 熊, што значи „мечка“, е избран за канџи на годината во Јапонија за 2025 година, по гласање на јавноста. Изборот ја одразува атмосферата на годината, која многумина ја доживеале како тешка и вознемирувачка, а честите вести за диви мечки што навлегуваат во населени места и напаѓаат луѓе исто така одиграле улога. 

Дали машините страдаат?

Во последните децении се проширува таканаречениот „морален круг“ – идејата дека нашата емпатија и морални обврски постепено се протегаат и кон суштества што порано биле исклучени. Благодарение на тоа, денес повеќе се внимава на страдањето на животните, се инсистира на производи кои не вклучуваат суровост, а вегетаријанството и веганството стануваат сè поприсутни. Но сè уште не е јасно што точно значи „страдање“ и до каде треба да оди таа емпатија. Прашањето станува уште покомплексно во 21 век, со појавата на вештачката интелигенција, која ја отвора дилемата дали страдањето мора нужно да биде поврзано со биолошко тело.

Вистинската приказна за сопственичката на италијанското еротско списание „Плејмен“

Италијанска минисерија на Нетфликс е во седум епизоди се фокусира на пресвртен момент во историјата на еротско списание од крајот на 1960-тите, кога сопругата на неговиот сопственик го спасува од пропаѓање, но истовремено го менува и пристапот кон третирањето на „жешките“ теми.

Кинеската поема со бесконечно многу варијанти која може да се чита во сите правци

Дело на генијална авторка, „Ѕвездениот мерач“ е истовремено и графичка поема и експериментален текст кој може да се чита во различни правци, со илјадници варијанти. Веројатно никогаш нема да дочекаме да биде преведена целосно - на англиски постојат само делумни обиди кои изгледаат како кодирани пораки од вселената. 

Војна на фонтовите: Калибри наспроти Тајмс њу роман

По вчерашното (11.12.) објавување на веста дека Државниот секретар на САД, Марко Рубио, наредил во дипломатска преписка повеќе да не се користи Калибри и да се применува традиционалниот Тајмс, oдеднаш типографијата стана „жешка“ тема, што покажува дека таа не само што се однесува на естетиката и техничките аспекти на комуникацијата, туку може, како во случајов, да има врска и со идеологијата и таборските препукувања. 

Од 1970-тите наваму стиховите на поп песни стануваат понегативни

Во последниве 50 години, текстовите на популарните песни во САД станале поедноставни, понегативни и почесто содржат зборови поврзани со стрес, покажува анализа објавена во Сајентифик Рипортс. Авторите сметаат дека овие промени ја одразуваат сложената улога на музиката во справувањето со стресот.

Од книги кои ќе завршеле во отпад Словенците ја имаат направено најголемата книжарница во земјата

Во Словенија речиси секој ден во мелници завршуваат по тон книги и списанија, претворени во безоблична каша. Едно здружение, вознемирено од ваквиот податок, во 1995 решава да стори нешто. 

Да ти имало филм за Буковски што никој го нема видено

Приказната е следна: Џејмс Франко во 2013 направил филм за Чарлс Буковски (наводно) врз основа на негова автобиографска книга. Но поради тужба за авторските права врз делото, излегувањето на филмот е запрено, иако Франко подоцна добил на суд.

Што е тоа „неаниморфичен“?

Терминот се користи за да опише личност која изгледа помладо од својата вистинска возраст. Потекнува од комбинација на два старогрчки корени: „неос“ што значи млад и „морфe“ што значи форма или облик. Во суштина, се однесува на физички изглед што остава младешки впечаток, дури и кога личноста може да биде значително постара. Ама кога ќе го прашате Четџипити за дефиниција на терминот, тој почнува да „халуцинира“ на многу интересен начин.

Ефектот на Матилда

Во 1945 година Ото Хан (на фотографијата десно) ја добил Нобеловата награда за хемија за откривањето на нуклеарната фисија. Неговата долгогодишна соработничка, физичарката Лиза Мајтнер (лево), не добила никакво признание, иако нејзиното знаење и нејзината работа биле клучни за ова откритие. Овој пример не е осамен случај. Низ историјата, бројни жени научници биле маргинализирани, заборавени или целосно изоставени од официјалната историја на науката. Оваа појава е толку честа што има и свое име – Матилдин ефект.

Дали нашите предци чувствувале болка, радост и тага на истиот начин како и ние?

Историчарот Роб Бодис ве поканува да замислите средновековен дрводелец кој во својата работилница прави маса. Во еден момент ја промашува шајката и си го удира палецот. Прашањето, вели Бодис, не е само дали ова го здоболело (сигурно да), туку што всушност значело тоа чувство за човекот од тоа време. Со други зборови - што значело за него тоа искуство?

Што бара јапонска манга на протестите во Грција?

Не е прв пат земјоделците во Грција да протестираат, да поставуваат блокади по патиштата и да ги затвораат дури и меѓународните граници. Овој пат нештата како да ескалираат, и изгледа дека оние кои го планираа традиционално новогодишно пазарување во Солун истото да го одложат, на неодредено. Покрај истурањето млеко и фрлањето слама по патиштата, земјоделците користат и еден необичен детал, знаме со лик од јапонска манга. 

Букбокс гледаше на Синедејс: „Татко мајка сестра брат“ (2025)

Новогодишните празници се веројатно најдоброто време да се гледа овој филм. Упатени на традицијата да се соберат околу софрата, семејствата го прават тоа дури и кога таквите изнасилени средби само ја подгреваат тензијата и ја ладат сармата. Ако вашето не е помеѓу таквите, блазе си ви - тогаш ќе можете со интелектуална дистанца (можеби дури и доза на здодевност) да ги проследите напнатите тишини и невербалните сигнали со кои изобилуваат трите приказни во најновиот филм на Џармуш, чија европска кино премиера се одржа вчера, 7.12. во склоп на Синедејс, во преполнетата сала на кино Фросина. 

„Билбао ефект“: какво наследство остави архитектот Френк Гери?

На 96 години почина архитектот кој беше еден од најславните на своето време. Добитник на „Нобелот“ за архитектура - Прицкеровата награда во 1989, тој зад себе остави куп високопрофилни објекти, како концертната сала „Волт Дизни“ во Лос Анѓелес или зградата на фондацијата „Луј Витон“ во Париз. Сепак, еден музеј во Шпанија го има предизвикано најголемиот глобален ефект. 

Букбокс гледаше на Синедејс: „Месо“ (2024)

Убиство во село во кое има нелегална кланица. Звучи како одличен вовед во речиси исто толку добар филм - грчка семејна драма, во која еден од главните ликови е момче-работник од Албанија. 

Koму бе ти - мрзлив?

Некои луѓе се секогаш подготвени да направат повеќе од потребното, додека други е тешко да се натераат на каков било напор. Вториве често ги сметаме за мрзливи. Обично тоа го објаснуваме со карактер, околности, воспитување или вредности. Но истражувањата во невронауката и клиничките случаи покажуваат дека мотивацијата е длабоко поврзана со конкретни мозочни механизми. Кога овие системи ќе се нарушат, луѓето кои порано биле ангажирани, љубопитни и продуктивни можат одеднаш да станат рамнодушни и апатични. До тоа ни е!

Значи вака: дали во НУБ навистина нема книги?

Ретко сме мотивирани да пишеме текст што почнува со „значи вака“, затоа што ни е смачено од расправии и објаснувања, на која и да е тема. Ама ова видео од белосветски патник кој влегува во НУБ исто толку брзо колку што излегува, за експертски да заклучи дека таму има „само една соба“ со нула книги, нè раздразни вака посабајлечки.