Филозофија на лутината

Аристотел во „Никомахова етика“ вели дека дури и најблагиот карактер некогаш знае да се налути. Но не е добро тоа да биде ни пребргу, ни недоволно. Доколку лутината се сведе само на импулс и на очекување на задоволство од oдмазда, тогаш таа не им служи на виталните функции и на поединецот и на заедницата. Доколку е артикулирана на вистинскиот начин, може да инспирира почит и авторитет, како и да воспостави контрола врз исходот на некоја ситуација. 

„Како и во сето останато, и кај лутината не е лесно да се најде средина. Секој може да се налути - тоа е лесно. Но да се направи тоа во вистинското време, со вистинскиот мотив и на вистинскиот начин, тоа не е за секого“, вели Аристотел во „Никомахова етика“. 

Доколку лутината се сведе само на импулс и на очекување на задоволство од oдмазда, тогаш таа не им служи на виталните функции на поединецот и на заедницата. Таа може да стави крај на емоционална или социјална закана, да ги мобилизира менталните и физичките ресурси за одбранбено или реститутивно дејство. Доколку е артикулирана на вистинскиот начин, може да инспирира позитивни чувства, како и да воспостави контрола врз исходот на некоја ситуација. 

Од другата страна на оската е неограничениот гнев, кој може да го замагли расудувањето и да доведе до деструктивно однесување. Со зборовите на Хоратиј, „Лутината е кратко лудило - контролирајте го вашиот ум, бидејќи ако тaa не се покорува, тогаш командува“. Лутината којашто е стратешка и оправдана треба да се разликува од овој втор тип лутина која е непроцесирана, ирационална и недискриминирачка.

Британскиот филозоф сер Питер Фредерик Строусон веројатно дошол најблиску до описот на позитивните вредности на лутината во општествен контекст. Неговата теорија на реактивни ставови вели дека искусувањето лутина е природен дел од човечката психологија, кој ни овозможува да искомуницираме и лоцираме вина и одговорност. Во оваа смисла лутината ни сигнализира кога се случува нешто неморално, па оттаму нејзиното отстранување би имало негативно влијание врз регулирањето на нашите животи. 

17 март 2025 - 20:02