
Еден од најславните броеви во математичката историја повторно ќе биде прославен на овој посебен ден. π (3,14), наречен уште и Лудолфов број или Архимедова константа, го означува соодносот на должината на кружницата и нејзиниот пречник и се користи во бројни математички и физички формули, како фундаментален елемент во геометријата и тригонометријата.
Додека многумина го одбележуваат денот со парче пица или пита, некој седнал и пронашол интересни совпаѓања помеѓу датумот и конкретната година 2025-та.
Доктор Азис С. Инан, електроинженер и професор на Универзитетот во Портланд, ги истакнува овие пет уникатни карактеристики на 03/14/25:
1. Цифрите од 0-5 се појавуваат само еднаш во овој датум, што е ретка нумеричка ситуација;
2. Поделбата на цифрите (0, 1, 2, 3, 4, 5) на две групи (0, 1, 2) и (3, 4, 5) - и потоа нивно комбинирање во парови ја дава шемата 03/14/25;
3. Ако им се доделат бројки од 1 до 26 на буквите од А-З (во англиската абецеда), бројчаната вредност на зборот ПИ ќе изнесува 25;
3. Даумот 3/14/25 го енкодира зборот Пи Деј и обратно. Квадратите на цифрите oд 3/14/25 се 9, 1, 16, 4 и 25. Ова се вредностите на буквите I, A, P, D и Y (од претходната точка) кои прераспределени даваат Pi Day;
5. 4/14/25 е исто така совршен квадрат бидејќи 2025 = 45х45.
„Оваа година Пи Деј е настан кој се случува еднаш во векот. Тој нуди ретка можност да се восхитуваме на елеганцијата и чудесноста на математиката“, вели д-р Инан.
Види претходно: 3.141592653589... во популарната култура