Смрт, не дуј се!

Песна на Џон Дан (1609) во препев на Драги Михајловски.

Смрт, не дуј се, иако некои те викаат сега
моќна и страшна, зашто ти не си таква,
зашто тие што мислиш, дека ги кутнуваш ладна,
не умираат, кутра смрт, а и јас од загработ ти бегам.
Од одморот и сонот што само слики се твои,
многу задоволство, од тебе многу повеќе треба да тече,
набрзо најдобрите кај тебе засолн ќе најдат вечен,
одмор за коските, спасение за душата им претстои.
Ти си робинка на судбината, случајот, кралевите, очајните луѓе,
настаменета си во отровот, војната и болестите долни,
и од афионот, и од чинките може да заспиеме волни,
и подобро од твојот удар; зошто тогаш се дуеш?
Еден кус сон поминат, во вечност се будиме утре,
и смрт тебе ќе те нема, смрт ти ќе умреш.

Џон Дан

препев: Драги Михајловски,

од збирката „Песни, свети сонети, проповеди“, 2013

 

20 март 2025 - 12:29