Bookbox

Полската серија достапна на Нетфликс е драма што лесно може да се изгледа во еден здив, но поради тежината на темата и вистинската приказна на која се темели, можеби е подобро да се гледа во неколку наврати. Шесте епизоди се инспирирани од вистински настани од 1970-тите години во индустрискиот регион Горна Шлезија, во тогашна комунистичка Полска.

Научниците неодамна идентификуваа сосема нов род цицачи, наречен „тус“, што претставува ретко и возбудливо откритие во биологијата. Иако постојат околу 6.800 познати видови цицачи, тие не се особено разновидна група ако се споредат со водоземците, птиците или влекачите. Сепак, цицачите се меѓу најистражуваните животни на Земјата – но и меѓу најзагрозените: повеќе од една четвртина од нив се сметаат за ранливи или загрозени.

Психопати не постојат?

Поимот „психопат“ е длабоко вкоренет во популарната култура, во филмовите и трилер-романите. Често го, или ја замислуваме како личност без совест, без емпатија и без емоции – некој што манипулира со другите и е склон кон насилство. Но според современи истражувања во психологијата и филозофијата на науката, луѓето кои ги нарекуваме психопати можеби не припаѓаат на посебна психолошка група, туку се многу различни луѓе со различни проблеми, карактери и животни приказни.

Мираз, чеиз, приќе: кратка историја на еден обичај

Меѓу различните практики поврзани со бракот, еден од најраспространетите низ историјата е миразот. Иако денес во многу општества се смета за застарена или неправедна практика, тој со векови играл важна улога во уредувањето на брачните односи, наследството и економските врски меѓу семејствата. 

„Игри на репликација“ - како да се проверат грешките (или местенките) во научните публикации

Во време кога научните трудови влијаат врз јавни политики, здравствени препораки и образовни системи, се поставува суштинско прашање: колку се стабилни резултатите на кои им веруваме? Таканаречената „криза на репликабилноста“ откри дека значаен дел од истражувањата не ги издржуваат повторните проверки. Наместо да се прифати тоа како скандал, дел од научната заедница почнува да го третира како можност – да се врати науката кон нејзиниот основен принцип: проверливост. 

Писатели тужат вештачка интелигенција затоа што незаконски „голтала“ нивни книги

Насловов звучи како пародија на научно-фантастичен наратив. Но за оние што го следат брзопотезниот развој во областа на вештачката интелигенција ова е сосема логичен след на настаните. Додуша, само почеток. Сега луѓето ја тужат ВИ. Следно - машините ги тужат луѓето што се обидуваат да им украдат идеи, кои некогаш биле човечки?

Што не кажувате вакви работи?: зошто НЕ треба (секогаш) да се живее во моментот

За еден куп совети за исполнет ментален и физички живот, кои на прво слушање звучат некако логично, постои и контра совет кој, парадоксално, може исто така да држи вода. Мастите не чинат - сланината е супер. Кардио вежбите го продолжуваат животот - никако кардио! Е сега, после години обид за тренирање зен став на „живеј во сегашноста“, не морало така.

Се чувствувате дезориентирано во трговски центри? Намерно е и има посебно име.

„Груенов ефект“ е моментот кога муштеријата влегува во шопинг мол или продавница, и опкружен од намерно збунувачко уредување на просторот, почнува да губи чувство за своите првични намери, што го прави поподложен на импулсивно трошење. Знаете за што зборуваме, нели?

Џек Унтервегер: новинар, поет и сериски убиец (кому е посветена претстава што ќе игра на Охридско лето)

Денес научивме дека Џон Малкович ќе настапи на Охридско лето со претставата „Пеколна комедија - исповед на еден сериски убиец“. Таа се однесува на Јохан „Џек“ Унтервегер, најпрвин осуден за едно убиство, па ослободен по барање на тамошната интелектуална елита, па пак суден за петнаесет други убиства. 

Што ќе се случи сега кога ТикТок влегува во издаваштвото на книги?

Неодамна на пазарот се појави нова издавачка куќа, БајтДенс, дел од компанијата ТикТок, која освен по кратките вирални видеа е позната и како социјален медиум преку кој се промовираат книги, кои на тој начин бргу стануваат бестселери. Многумина во издавачкиот свет сметаат дека ова ќе создаде нелојална конкуренција на сметка на авторите кои не се, и не сакаат да бидат на оваа социјална мрежа.

Пловечкиот универзитет - судбината на еден необичен образовен експеримент

Во 1926 професор од Њујоршкиот универзитет - образовен реформатор со големи соништа - се нафатил на храбар експеримент. „Храбар“ значело (а и денес значи) дека шансите да не успее биле големи. Така и испаднало.

Жабутикаба: збор кој означува овошје но и „бразилштина“

Приказната за жабутикабата почнува со посета на локална алкотека во која пристигнало ново овошно пире за коктели. Чудно и името, и вкусот, но и значењето на самиот збор.

„Башибозук“ е навреда во - францускиот!

Го користиме за некакво разуздано, непримерно однесување, а како таков постои не само во македонскиот туку (неочекувано) и во францускиот. Таму е подзаборавен термин кој додуша може да им се најде деновиве.

„Ро“ - измислениот јазик создаден пред повеќе од еден век

„Ро е јазик, но не постои земја под ова име. Тоа е измислен говор, со чиешто познавање светот ќе стане една нација, затоа што јазикот е бариера која создава голем број недоразбирања помеѓу луѓето“. Вака пишувал американскиот свештеник Едвард Пауел Фостер, кој осмислил интересен начин на формирање зборови, преку кој лесно се открива категоријата во којашто тие спаѓаат. 

Букбокс гледаше: „Загубениот крал“ или како една жена-аматер успеа да го најде гробот на Ричард Трети

Филм за добро расположение, базиран на вистинската приказна за пронаоѓањето на гробот на британскиот крал од страна на Филипа Ленгли во 2012. Но и многу повеќе од тоа - критика на академскиот естаблишмент кој суетно и арогантно знае да одбива свежи идеи и алтернативни приказни. 

Назад парите!: првата поплака од муштерија во пишуваната историја

Откако постоеле услужни дејности и трговија имало и луѓе кои не биле задоволни од тоа што го добивале и плаќале. Поплаките од потрошувачите можеби делуваат како некоја нова демократска измислица, но тие се многу постари од модерното, конзумеристичко општество.

Заборавен предмет на денот: накит со миризлива сол или оцет во време кога луѓето ретко се бањале

„Винегрет“ е француски прелив за салати. Но има еден предмет наречен „винегр де тоалет“, мало кутивче во различни облици кој содржел оцет ароматизиран со различни супстанци, кои се користеле за да ги покријат непријатните мириси. Зборуваме за време пред стикчиња и дезодоранси, како и пред денешните тушеви.

Приказната за „Титаник“ не завршила со неговото потонување - што се случувало со телата?

Дали некој патувал во економска или во луксузна класа на славниот брод не значело само привилегии во текот на пловидбата, туку и вид третман по големата трагедија. Со оглед на ограничениот простор на бродовите-спасувачи, телата на посиромашните биле враќани в море, а оние на богатите чувани за да бидат достојно погребани на копно. За ова придонел и тогаш новиот концепт на животно осигурување.

Oна чувство дека зборот ти е на врв јазик? Епа не е.

Понекогаш точно знаеш дека има збор за нешто, но мозокот не може да го најде. Ова фрустрирачко чувство се нарекува „на-врв-на-јазик“ (НВНЈ) или на англиски tip-of-the-tounge (TOT). Со децении психолозите претпоставуваа дека станува збор за делумно присеќавање на одговорот. Ново истражување вели - не баш.

Како Томас Едисон ги измамил медиумите убедувајќи ги дека прв ја измислил сијалицата

Една година пред навистина да развие асална сијалица, „волшебникот од паркот Менло“ создал илузија дека неговиот прототип работел подолго отколку што тоа било случај.

Најголемиот крадец на уметнички дела на сите времиња, кој тоа го правел од љубов кон уметноста

Стефан Братвајзер помеѓу 1995 и 2001 украл околу 300 уметнички дела од 172 музеи додека патувал низ Европа работејќи како келнер, што во просек значи една кражба на 15 денови. Го нарекуваат „најконзистентниот“ (веројатно еуфемизам за најуспешен и најупорен) крадец на уметнички дела на сите времиња. Но најинтересното е што правел со украдените предмети - ништо.

„Шушотаж“ - кога преведувачите шепотат во увце

Неодамна научивме израз кој им е познат на толкувачите и симултаните преведувачи. И гуглајќи го наидовме на многу симпатично филмче на темата.

Титовата утопија среде пустина: приказната за бегалскиот логор Ел Шат

Неодамна на Фестивалот на медитерански филм во Сплит се одржа премиера на филмот „Ел Шат - нацрт за утопија“ на документаристот Иван Рамљак. Станува збор за приказна за политички настан без преседан во глобални размери во текот на Втората светска војна, за кој упорно со години се молчело. 

Професорка од Харвард која го истражувала феноменот на нечесност обвинета за фалсификување резултати

Во една фина мета-приказна, Франческа Џино, проминентна професорка од Харвард, наводно ги фалсификувала резултатите во своите истражувања од областа на бихејвиоралните науки, на тема - чесност.

„Франкфуртска“ - приказната за првата модерна кујна во историјата

По Првата светска војна градските власти во Франфкурт започнале значаен потфат. Голем број жители се соочувале со сиромаштија, па во втората половина на 1920-тите со јавни пари биле изградени над 10.000 домови. Тој проект бил еден првите примери на модерна архитектура, едноставна, чиста и униформна. А во него особено фалена и влијателна била една просторија - кујната. 

Букбокс друштвени игри: „The Quacks of Quedlinburg“ (Надрилекарите од Квендлибург), или не претерувај - ќе пукнеш

Денес во рубрикава ни гостува Љупчо, кој вели дека во работни денови брка работа со преводи, но за викенди сака да си одмори глава од зборови и фрази со бои, форми и фигури на картонски табли. Слободното време го посветува и на други креативни активности, како музицирање, пеење, но и истражување теми и полиња како митологија, натприродни појави, магиски практики, тарот и слично. И играта што ја одбра има малку врска со магија.

Францускиот аперитив кој ги штител војниците од маларија

Познат е како омилен пијалок на кралицата Елизабета Втора. Сепак, тој не е британски туку француски и е поврзан со интересна приказна која покажува дека алкохолот и тоа како може да биде добар за здравјето. 

На 89 почина првиот човек дијагностициран со аутизам

Стручна статија од 1943 зборувал за случајот на „Доналд Т.“, едно од тогаш 11-те деца во студијата со „аутистични пореметувања како резултат на афективен контакт“. Неговото име било подзаборавено, сè додека во 2010 новинари не влегле во потрага по „Случајот број 1“. 

Букбокс гледаше: „Деновите“ (мини-серија, 2023)

Повеќето критики кои излегоа веднаш по премиерата на „Деновите“ на Нетфликс овој месец уште во воведот најавуваат - „не е како онаа за Чернобил“. И навистина, иако станува збор за различни контексти, па оттаму споредбата можеби и не е сосема фер, таа разочарува со своето фокусирање на техничките детали, а притоа многу малку гради реални човечки ликови и нивни приказни. Можеби токму поради она стереотипното јапонско - давањето предност на колективната приказна пред поединечните.