Вестарктика - микронацијата создадена со „иле“

Антарктичкиот договор од 1959 им забранува на народите да посегнуваат по територии на континентот. Е, ама во него никој не се сетил да ги спомене правата на физичките лица за истото. Еден човек ја нашол законската дупка и се крунисал за цар на оваа пустелија. 

Антарктикот има површина од 1,6 милиони километри квадратни, што за споредба е повеќе од двојно од територијата на Тексас. Сепак, таму нема постојани истражувачки станици и ниту една нација не смета дека ова е нејзина земја. 

Всушност, ова е така од 1959, кога бил донесен Договорот од Антарктикот, со кој се определува дека континентот ќе се користи за научни мирнодопски истражувања а не за воени цели. До тогаш дури седум земји сакале да ја присвојат. 

Сè во врска со Договорот се одвивало по планот, до 2001, кога морнаричкиот разузнавачки експерт Травис МекХенри не нашол дупка во мразот, односно во законот. Иако договорот им забранува на државите да бараат парче од Антарктикот, тој не вели ништо за приватните лица. 

Taка, итриот МекХенри се прогласил за генерален конзул на оваа terra nullius (ничија земја), која најпрвин ја нарекол Ахајска територија Антарктика. Во 2004 направил „апгрејд“ во големо војводство, Вестарктика, асоцијација на Кралството Вестфалија, креација на Наполеон. На крај, и некако очекувано - се самокрунисал!

Според интернет, има меѓу 100 и 140 вакви активни микронации во светот - Кралството Талоса близу Милвоки, Република Молосија со седиште во Невада која тврди дека поседува територија на Венера, Геј кралството на островите на Коралното море во Австралија (2004) формирано во знак на протест што владата не признавала истополови бракови итн. Сепак, спомнатата фиктивна империја на Тревис (на фотографијата лево) е најголемиот постоечки проект, толку голем што дури и не може баш да се нарече микронација. Денес Вестарктика има околу 2300 „виртуелни“ граѓани иако само неколку стотина се активни. Во Лас Вегас се одржува МикроКон - саем на вакви виртуелни нации, на кој Големиот Војвода - цар, крал, император, владетел Тревис е навистина дочекуван како таков. 

извор

21 февруари 2024 - 10:32