Од формирањето на бендот, до „раскинувањето“ на неговите членови во 1970, четирите филмови на Сем Мендес („Американска убавина“, „Скајфол“) ќе се обидат да ја раскажат приказната за една од најславните групи на светот и на векот - Битлси од гледна точка на секој член поединечно.
Пол и Ринго, како и семејствата на Џон и Џорџ, дале дозвола за раскажување на нивната животна сторија, како и музички права за саундтракот. Финансиер и дистрибутер на филмовите е Сони Пикчрс, а тие треба да се појават во кино во 2027. Засега ниту еден од нив нема наслов, а детали ќе бидат споделени подоцна во процесот, но студиото ветува дека третегијата ќе биде „иновативна и револуционерна“.
Ова е прв пат сите Битлси да ја имаат дадено својата поддршка за игран филм за нивните животи. Претходно за нив се снимаа документарци, а последниот, на Питер Џексон („Гет бек“) зборуваше за правењето на нивниот последен албум, Let It Be.