Скорсезе влегува во овогодишната трка за Оскари како најноминиран жив режисер, со 10 номинации и една победа во оваа категорија. Со неговиот најнов филм, „Убијци на цветната месечина“ има шанси да ја зголеми оваа бројка.
Тој веќе ги најави своите планови за следниот филм, за животот на Исус. Но најновите вести велат дека на следните Оскари тој потенцијално би можел да биде номиниран и во друга категорија - најдобар актер.
Според Варајати, режисерот ќе ја продолжи традицијата да се појавува на филм во мали улоги - го играше Ван Гог во „Соништа“ на Куросава, а го позајми и гласот во „Шарк тејл“ - со „интензивна“ улога на мудрец кој го советува Данте Алигиери во нов филм со наслов „Раката на Данте“ на Џулијан Шнабел. Филмот е во постпродукција, а двајца што го виделе биле „импресионирани“ од изведбата на Скорсезе.
Тој често се игра и самиот себе во телевизиски серии, а најпозната појава му е онаа од серијата Curb Your Enthusiasm на Лери Дејвид.
Филмот на Шнабел е базиран на мистерија од Ник Тош (Nick Toshes), во која ракопис од „Божествената комедија“ е пронајден во Ватиканската библиотека, за потоа да падне во рацете на мафијаш во Њујорк. Главната улога на Данте е на Оскарј Ајзак, а покрај него играат и Ал Пачино, Гал Гадот, Џон Малкович, Џејсон Момоа и Џерард Батлер. Хронолошки филмот опфаќа период од 14 до 21 век, со тоа што некои од ликовите живеат паралелни животи во различни ери.