Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
    • Архива
    • Читанка
    • Гледанка
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • Архива
  • Читанка
  • Гледанка
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Bookbox › Набрзинка

Нобеловата за економија за подобри начини за справување со кризи и шокови

12 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Овогодишната Нобелова награда за економија им припадна на Американците Роберт Хол и Мајкл Вудфорд за нивното истражување на микроекономските основи на макроекономската стабилизација.
  • Истражувањето на Хол и Вудфорд покажа дека макроекономските модели стануваат посилни кога поаѓаат од однесувањето на поединечните домаќинства и претпријатија. Нивната работа сè уште претставува важна основа за современата економска политика.
  • „Работата на лауреатите ни обезбеди стабилна теоретска основа за моделите што сега ги користат централните банки и владите ширум светот“, се вели во соопштението на Комитетот. „Благодарение на работата на Хол и Вудворд подобро сме подготвени да се справиме со економските шокови, како што се енергетските кризи или ненадејните промени во потрошувачката на домаќинствата“.
  • За време на нафтените кризи во 70-тите години на минатиот век, постоечките кејнзијански модели што долго време се користеа за одредување кога и како треба да се спроведат мерки за справување со рецесии или други економски флуктуации, престанаа да функционираат. Тоа ги поттикна Хол и Вудфорд да развијат нови алатки за разбирање на тоа кои политички одговори би биле најефективни.
извор

Почнува „Еуродрам“ во Скопје: 60 учесници од 28 земји

27 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Со промоција на книгата „Зад мене белина“ од австрискиот театарски и оперски режисер Мартин Кушеј, вечерва (27.10.) во 18.30 часот во барот „Бистро“ на Театар Комедија, ќе почне работниот дел на Генералната асемблеја на „Еуродрам“ – Европската мрежа за драма и превод. Книгата на македонски јазик ја преведоа Дарко Јан Спасов и Горан Додевски, а за делото ќе зборуваат Тина Махкота, Ѓорѓи Јолевски и авторот Мартин Кушеј.
  • На настаните до 1 ноември ќе учествуваат 60 драмски автори, преведувачи, режисери, драматурзи, издавачи и театарски професионалци од 28 земји. Манифестацијата се одржува во знакот на 25-годишнината од основањето на мрежата, а програмата опфаќа сценски читања, промоции на книги, преведувачка работилница, панел-дискусии и театарски претстави.
  • Еден од значајните настани ќе биде промоцијата на „Каталог на македонски драми во избор на Еуродрам, 2001–2026“ од Иван Додовски. Изданието содржи преглед на 32 избори со 30 различни драми од 18 македонски автори. Каталогот е на англиски јазик и е наменет за преведувачи, режисери, издавачи, истражувачи и други професионалци заинтересирани за македонското драмско творештво.
  • Манифестацијата ја организира „Еуродрам“, мрежа на повеќе од 300 театарски професионалци од светот, во партнерство со Театар Комедија – Скопје, кој е главен домаќин. Јавната програма ќе се одвива на повеќе локации, меѓу кои Театар Комедија, Европска куќа – Скопје, „Лабораториум“ и книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“.

Целата програма по денови тука

извор

Играјте „Шестерка“

24 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Оние што како нас секој ден решаваат Зборле знаат дека зборовите почнаа да се повторуваат - сепак со пет букви има ограничен фонд. Сега на Михаил Стевчев му текнало да направи зборле со 6 букви - Шестерка. 
  • Кодот му е опен сорс на неговиот Гитхаб профил, а повеќе детали како одел процесот има во овој пост.
  • Го пробавме денес и добро е - оди на линкот.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Bookbox
1

Со што ги прскаат јаболката во Преспа?

2

Од утре нова такса од ЕУ за Тему

3

Како се синхронизира српска серија на бугарски

Балканштина
4

Европските пари за Украина се губат по фантомски компании

Свет
5

Бесконечното крстарење се насука

Одмор
6

Фолксваген не може да си дозволи „Голф“ на струја

Бизнис
7

Се моли вештачката интелигенција АПЛА да ни попушта

Македонштина
8

Во револуција меѓусебно се кинат глави

Балкан
1

Во одбрана на дилетантот

Bookbox
2

Иван Ѓуриќ: заборавениот глас на една поинаква Србија

Bookbox
3

Клишеата не се толку лоши колку што ги бие глас

Bookbox
4

Играјте „Шестерка“

5

Кога било „ин“ да имаш портрет со твоите дебели крави

Bookbox
6

Расте популарноста на „слушачките барови“

Bookbox
7

Почнува „Еуродрам“ во Скопје: 60 учесници од 28 земји

8

Сина, зелена, бела - немаат сите живи суштества црвена крв

Bookbox
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Има луѓе кои знаат да опишат проблем

Балканштина

Не давајте лесно збор

Балканштина

Како се синхронизира српска серија на бугарски

Македонштина

Двојазичност на албански начин

Балканштина

Вучиќу, не си единствен

Балканштина

Стручна анализа на изборен пораз

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Живот програмерски

Јапонски е да платиш за да се исплачеш

Пинк Флојд за Кочани

Шапка - Haute Couture

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy