На околу еден месец сме од овогодишните Оскари, за кои Академијата која ги доделува соопшти дека за две години ќе изгледаат малку поинаку. За прв пат во речиси четврт век ќе биде додадена сосема нова категорија, во форма на најголеми постигнувања во кастингот. Последен пат ваква промена е направена со додавање категорија за најдобар филм, признание кое беше доделено за филмови чија премиера се случила во 2001.
За обичниот гледач на Оскарите, ова е необично - церемонијата е веќе толку долга што изгледа дека нема потреба за 24-та награда. Но она што тој обичен гледач не го знае е дека Оскарите всушност имаат помал број категории отколку Греми или Еми, со околу 100 ставки. Значи места има колку што ти душа сака. А ако веќе Академијата мисли да прави промени, еве неколку предлози:
Најдобра координација на каскадерски сцени
Оваа категорија најверојатно би ги содржела најголемите комерцијални филмски спектакли, кои не се вклопуваат по ништо друго во останатите категории. Неправдата кон вештината на каскадерството е воочена и претходно, па сајтот Валчр веќе доделува награди за најкомплицираните акциски каскадерски сцени.
Најдобра кореографија
Тука би можеле да спаѓаат мјузикли, хумористични филмови, филмови со танц, со танц и боречки вештини, се што подразбира движење на тела и камери кои треба да ги регистрираат истите.
Најдобар ансамбл актери
Најдобриот кастинг би му оддал признание на кастинг директорот кој помага да се собере вистинската група актери. Сепак, посебна награда би се фокусирала на самите глумци, а би била инспирирана од наградите Screen Actors Guild каде оваа категорија се смета за најважна. Годинава тука би можеле да се најдат „Опенхајмер“, „Убијци на цветната месечина“, „Барби“ или „Астероид сити“.
Истакната изведба
Има главни улоги и споредни улоги. Ама што е со оние актери кои се појавуваат само неколку минути на екранот, а сепак нивното присуство прави голема разлика во целокупното дело? Дефиницијата на оваа категорија би подразбирала конкретна метрика, на пример таква која зазема помалку од 10% од целото време на прикажување. Така само една сцена со Виола Дејвис во „Сомнеж“ би можела да си го добие заслуженото место, а категоријата би била уште пофлексибилна доколку биде прогласена за родово неутрална.