Bookbox

Од Бил Козби и Опра Винфри до Даниел Редклиф и Стивен Хокинг – повеќе од 180 познати личности позирале со омилената книга во раце, во кампања на Американското здружение на библиотекари што трае веќе четврт век, а која порачува нешто едноставно: читајте.

Драга Ѓаконовски-Шпато (1931-1987), основоположник на македонската забавна и џез музика, има улица во Дебар маало. Но до скоро немаше едно место на кое можеа да се најдат неговите попознати и помалку познати дела. Еден ентузијаст „сас своите десет прсти“ го направи тоа за нас. 

Репортажа од Варшавскиот филмски фестивал, ден последен: Вајдскрин е добар само за змии и погреби

Критичарите се крвопиите на индустријата. Никој не нѐ сака. Уште Волтер пишува за овие пијавици кога Кандид ќе стигне во Париз. Ама некој мора да го прави тоа, а и јас се декларирам како филмолог.

Солта наша насушна

Ја користиме без да размислуваме за неа, но поради неа се граделе градови, се отворале рудници, се создавале трговски патишта и политички монополи. Изложбата „Сол: дизајнерска приказна“ во Музејот за дизајн во Атланта ја раскажува историјата на цивилизацијата преку еден од нејзините најобични, но и најважни материјали.

Букбокс гледанка: „Тензинг“ или приказната за шерпасот (2026)

Филмот на Џенифер Пидом ја враќа заслугата на Тензинг Норгај, алпинистот чие знаење за планината и извонредните вештини биле клучни за историското искачување на Монт Еверест во 1953 година. На моменти преромантичен и предвидлив, тој во себе сепак ја вклучува важната дискусија за британскиот (и секаквиот) империјализам и луѓето во сенка што ја овозможувале неговата моќ.

Букбокс гледаше: „Пенелопа“ или за девојката со прасечко лице (2006)

„Искрено, гледањето на оваа грозна фантазија-комедија е полошо од тоа некој да ве удри по лице со голема мокра риба“. Вака го оцени овој филм во времето на неговото појавување познатиот критичар на Гардијан, Питер Бредшо. Но полека Пеце, има тука нешто повеќе од Кристина Ричи со свињска рилка. 

Букбокс читанка: „Продавачката од маркетот“ од Сајака Мурата 

Тоа 18 години да си вработен на половина работно време како продавачка во маркет, плус да си немажена и без деца, во јапонската (и не само јапонската) култура се смета за комплетен неуспех за една жена. Но што ако тоа е единственото во коешто се пронаоѓаш и се чувствуваш како човек?

Во Фудбалскиот музеј во Дортмунд: најважната игра и уметноста

Во нова поставка, визуелните уметности и фудбалот формираат фин пар. Под наслов „Во движење - уметност и фудбал“, Музејот на фудбалот во Дортмунд организира „пријателски натпревар“ помеѓу овие две значајни области од човечкиот живот. 

Зошто тениските топчиња од бели станале жолти?

Не ни беше познато дека всушност до скоро, тениските точиња биле бели (Вимблдон користел такви до 1985). За промената кон жолто има многу добра причина, а неа ја забележал и сугерирал решение никој друг туку Дејвид Атенборо.

Како Карл Јунг го инспирирал создавањето на Анонимни алкохоличари (АА)

Меѓународното друштво за меѓусебна помош во борбата против алкохолизмот, познатото АА, има над 2 милиони членови низ светот. Тоа се обидува да им помогне на своите членови да останат трезни. И покрај тоа што студиите за неговите реални ефекти се оспорувани, АА има значаен ефект на културата на САД. Еден помалку познат аспект е влијанието на славниот швајцарски психијатар врз неговите принципи.

Зошто депресијата понекогаш се нарекува „црно куче“?

Од римскиот поет Хорациј до премиерот Черчил, многумина ја имаат користено фразата - но како таа станала метафора за депресија?

Победил на натпревар за фотографија генерирана со ВИ со реална - потоа го дисквалификувале

До сега главно се зборуваше за збунката кога нешто направено од ВИ делува реално. А што ако веќе сме западнале во таква когнитивна дисонанца што и реалното ни е ко вештачко? Откако црвот на сомнежот во разликата еднаш ќе влезе во умот, тешко е да се врати довербата во неговата моќ да разликува.

Koга Јапонците прв пат виделе бел човек мислеле дека е страшило

Денес во Јапонија можат да се купат „пан“, „табако“ и „темпура“. Овие производи - леб, цигари и поховани морски плодови или зеленчук се вообичаени за оваа земја. Но коренот на зборовите им е португалски - земја од која дошле првите патници во Земјата на изгрејсонцето.

Дали може да наследиш спомени од предците?

Вообичаено се зборува за „наследена траума“ во контекст на личните или колективните мемории, на поединци, семејствa или на целата заедница. Но епигентиката, проучувањето на генетските модификации кои влијаат врз активноста на организмот без да ја променат неговата ДНК, сугерира дека како што може да се наследат стравови, така тоа може да се направи и со довербата и сочувството. 

Винилите од новиот албум на Колдплеј ќе бидат направени од стари пластични шишиња

Британците Колдплеј најавија дека својот десетти албум ќе го издадат на еколошки најодржливиот винил досега. Бендот вели дека јаглеродните емисии за негова изработка во овој случај ќе бидат намалени за 85%, благодарејќи на нов метод. 

„Кригшпил“: германската друштвена игра што го смени начинот на кој се водат војни

Користејќи го симулаторот за биење битки, „Кригшпил“, Хитлер ја презел Франција, Сталин го избркал Хитлер, а Реган го спасил светот од нуклеарна катастрофа. Со други зборови, игра не е зафрканција.

Полека се издигнавме: Букбокс репортажа од изложбата посветена на 100-годишнината од раѓањето на Рој Лихтенштајн 

Албертина во срцето на Виена е најголемиот музеј за модерна уметност во централна Европа, дом на една од најбогатите графички збирки на светот, со над 65.000 цртежи и околу 1 милион графики од старите мајстори. Но од 8 март до 14 јули оваа година најголемиот интерес е за изложба посветена на еден од пионерите на поп-артот.

Ајде да летаме: кога Римјаните пушеле семиња од буника

Буниката е токсично растение со потекло од Евроазија, а денес распространето низ целиот свет. Во минатото се користела заедно со мандрагората, лудото билје и татулата како анестетик, но и во „волшебни напитоци“. Дејството е халуцинирање и чувство на летање, а ова го знаеле и древните Римјани. Не се буниме.

Букбокс репортажа од Виена: „Другарот Сонце“ - изложба за врската помеѓу сончевото зрачење и револуциите на Земјата

„Геносин Зоне“ во изложбениот простор на Кунстхале во Виена е спој на научни дискурси и нивно уметничко толкување. Темата е генерално многу интересна, но особено за земји кои имаат силна симболична поврзаност со сонцето, како нашата. 

Горењето стрипови од 1940-тите

Во периодот на кулминација на анти-стриповската хистерија, младински групи, цркви и училишта во САД организирале цели клади од стрипови, меѓу кои имало и такви кои кои ама по ништо не требало да бидат спорни. Пожарите згаснале со подемот на телевизијата, кога стриповите веќе не биле опасни.

Брехт правел и фото-колажи за кои до сега не се знаеше

Во текот на својот живот големиот германски драматург креирал откачени монтажи кои прикажувале како според него нацизмот ја инфицира земјата од којашто морал да избега. Зошто беше потребно толку време за да се дознае за нив?

Изведувала акробации во воздух летајќи со балон и го измислила модерниот падобран

Нејзиното име денес е само фуснота во аеронаутичката историја. Но живот ѝ бил како од филм - сиромашна шивачка која почнала да му асистира на познат изумител на летачки балони за потоа и самата да стане сензација, а за време на Првата светска војна и национален херој. 

„Декаденција“ не е кутија скапи чоколади, туку протест против бесмислата

Терминот би требало да асоцира на времиња кога да се биде декадентен значело да се биде контра мејнстрим идеологијата, на силен интелектуален бунт и „неморалност“ која ги скандализирала пуританците. Но денес „декадентен“ се користи во реклами во контекст на луксуз и хедонизам, како Оскар Вајлд да бил суден што зел пакет масажи.

Бубрези, ребра, пениси: „вишокот“ делови од телото кои понекогаш ги создава природата

Благодарејќи на милиони години еволуција, човечкото тело се испраксирало во однос на своите развојни процеси. Поголемиот дел од времето тоа ни дава коректен број органи и структури кои ни се потребни за да функционираме. Ама, тоа не значи дека не можат да се случат и курцшлуси.

Како што има морска болест, така има и копнена болест

Оние со почувствителен сензорно-невролошки систем имаат проблем дури и со краток престој на какво и да е пловило. Но има и друг феномен - откако си се прилагодил со помал или поголем напор на морето, вратен на копно ти се лоши.

ОМГ! - Првата порака со оваа кратенка ја добил Винстон Черчил

Името на Черчил се спомнува како директен или индиректен учесник во еден куп историски настани. Еве уште еден, кој можеби не е толку значаен како спротивставувањето на Третиот рајх или добивањето Нобел, но сепак се важи.

Како знаеме кога ни се моча?

Прашањето делува банално, но овој основен поттик е изненадувачки сложен и обично губи на интензитет и навременост како што старееме. До сега истражувачите се фокусираа на бешиката, но време е тие да се свртат кон мозокот, големиот команден центар на повеќе органи па и на овој.

Букбокс гледаше: „Ерик“ (мини-серија, 2024)

На моменти хаотична и повторлива, веројатно посоодветна за филм, оваа приказна зборува за внатрешните демони на еден човек, кој лесно може да се вклопи во стереотипот на „намачениот гениј“, но и на длабоките сомнежи и стравови на секој од нас.

Сте слушнале за Република Кугелмугел?

„Округло брдо“, како што гласи буквалниот превод на името на оваа градба, е констриуирано од двајца уметници во 1971. Прогласена е за суверена територија кога локалните власти во населбата кадешто е изградена донеле закон дека вакви типови сферични објекти не се дозволени.