Џон Арбутнот Фишер, попознат како Џеки Фишер, бил британски адмирал со кариера која траела повеќе од шест децении. Заслужен е за модернизирање на морнарицата, заменувајќи ги дрвените бродови опремени со топови кои се полнеле со ѓулиња, со челични воени бродови, подморници и првите носачи на авиони.
Во писмо до својот пријател Черчил (му се обраќа со „драг Винстон“), Фишер сепак повеќе звучи како денешен тинејџер. Испратено на 9 септември 1917, во него адмиралот се жали во врска со состојбата во морнарицата во текот на војната, и завршува со нешто што би требало да е виц или иронија: „Слушам дека на пат е да се прогласи нов витешки ред - О.M.G. (Oh My God) - истурете ги титулите кај адмиралите!“.
Врската Черчил-Фишер била сложена. Додека бил прв лорд (политички раководител) на морнарицата, Черчил го извадил Фишер од пензија во 1911 за овој да застане на чело на кралската морнарица. Но работата се расипала во 1915, по неуспехот на кампањата кај Дарданелите, воена поморска операција против Отоманската империја во текот на Првата светска војна, кога бродовите на Британија, Австралијците, Французите и Руската империја биле победени од Отоманските Турци и Германците. Черчил издал наредба поморските офицери да се пробијат од Дарданелите до Констатинопол, што овие не го сториле, и на тој начин ја продолжиле војната за долг период. Сепак, и покрај конфликтот, Черчил останал доволно пристоен да размени по некое писмо со Фишер.
Првата пак онлајн употреба на ОМГ е од форум за „сапуници“ од 1994. Черчил не изгледа поврзан со тој пример.