Bookbox

Фантазија за „прекрасно суштество со крилја“, составена од нацрти, раскази и скици на големиот комичар. Ова е содржината на до сега непознато сценарио на Чаплин кое наскоро ќе биде објавено за прв пат. 

Иако звучи необично, во историјата на филозофијата подеднакво, ако не и повеќе, е дискутиран проблемот на непостоењето, на „не е“ наспроти „е“. Дали „ништо“ може да се замисли и да се искаже? Ако може, тогаш, како е тоа - ништо? Доколку ве интересира, добро. Доколку не - ништо.

Во првиот филм за „Титаник“ играла преживеана од трагедијата

Само еден месец по потонувањето на „Титаник“, во април 1912 година, 22-годишната американска актерка Дороти Гибсон – една од преживеаните – снимила филм за трагедијата. „Спасена од Титаник“ била првата драматизација на познатиот настан, снимена и објавена во мај истата година.

Јапонскиот Хари Худини

Еден затвореник, кој не бил „цвеќе за мирисање“, но сепак бил осуден за убиство кое не го сторил, покажал неверојатна креативност и трпение во планирање на своите бегства. На пример со секојдневно плукање во синџирите од супата, за солта да го разјаде железото.

Некогашното палестинско момче растено во беда доби Нобелова за хемија

Можеби некој ден ќе се сними филм за Омар Јаги, кој денес, 08.10., се закити со високото признание - Нобеловата награда - за пронајдоци кои се користат во технологиите за чиста енергија и собирање вода од пустински воздух. Дете на бегалци од Палестина, тој растел во големо семејство кое живеело во иста соба со домашните животни. Татко му имал завршено шесто одделение, а мајка му била неписмена. 

Направете го тестот на асоцијации на Карл Јунг (ако ви стиска)

Што ви паѓа прво на памет кога ќе ви се каже „прозорец“? Колку и да изгледа банално, токму тоа, како и времето минато од прашањето до одговорот (тишината пред него) може да биде водич до потсвесните желби, стравови и трауми. 

Букбокс читанка: „Страв и треперење“ од Амели Нотомб или за судирот помеѓу западната и јапонската деловна култура

Воочи обновеното издание на Фестивалот на јадење книги (сабота, 20.05, од 12 во Цреша) на тема „Јапонија во моето срце“, посветено на книги од и за Јапонија, роман од крајно необичен лик во европската книжевност, баронесата Фабиен Клер Нотомб, попозната по нејзиното книжевно име Амели.

Преведувачот на иднината е хибриден човек-машина

Во не така далечното минато,  резултатите од двонасочните преводи на еден ист текст (на пример од англиски на кинески, па од кинески назад кон англиски) беа постирани како смешки од типот на „расипан телефон“. Но во изминатите пет години машинското преведување стана сè подобро. 

Хапакс легоменон или „ќе го кажам ова само еднаш“

Термин од лингвистиката кој се однесува на збор или израз кој се појавува само еднаш во одреден контекст, „хапакс легоменон“ е интересен затоа што има обратна логика од вообичаената кога е во прашање проучување на зачестеноста. Во случајов „само еднаш“ го вклучува алармот за интересност.

Букбокс друштвени игри: „Катан“ - игра за цел живот

Да познаеш разлика помеѓу некој што игра друштвени игри на ниво на „А, да, имаме дома Монопол“ и на таков што е подготвен да реновира дневна за да има место за редење токени, карти и фигури понекогаш е многу едноставна. Ако „овци, дрво, глина и камен“ му асоцираат не на географија од шесто, туку на „Катан“, тогаш најверојатно е поблиску до втората група, или барем на добар пат да тргне натаму. Затоа што голем број денешни играчи се навлекле на борд гејмс токму поради неа. Денешниот гостин е токму таков пример. 

Ал Пачино ќе игра во нов филм за Модиљани во режија на Џони Деп

Пачино ја прифатил улогата на колекционерот Морис Гањат во „Моди“, во филм чие сценарио е направено врз основа на драма на Денис Мекинтаер. Истата беше основа и за претходен филм за овој уметник од 2004, во кој главната улога ја толкуваше Енди Гарсија. 

Понекогаш скриените врски помеѓу филмските дела се во самата шпица

За да има ефект, неочекуваната паралела помеѓу следните филмски дела, би требало да ги имате гледано. Или можеби оваа анализа ќе ве поттикне да ги погледнете. Станува збор за трилерот „Игра“ на Дејвид Финчер од 1997 и актуелната серија на ХБО, „Следоред“ (Succession).

Кога Салвадор Дали пристигнал на Сорбона во Ролс-Ројс наполнет со карфиоли

Денес, 11.5., ни тргна со родендените. Сабајлево пишувавме за 105-тиот на Ричард Фајнман. Нешто порано од него, во 1904-тата, на истиот ден е роден откачениот Дали. Ама и во таа негова откаченост има и тоа каква силна логика. На пример во поврзувањето на Сорбона со карфиоли.

105 години од раѓањето на Ричард Фајнман: неговата неостварена претсмртна желба да ја посети Тувa

Теориски физичар, нобеловец, популаризатор на наука, според многумина што го познавале фраер. Ричард Фајнман, роден на денешен ден, 11 мај 1918, имал необична желба да ја посети Република Тува на југот на Сибир, која поради бирократски, политички и на крај здравствени oколности никогаш не му се остварила. Но тоа не е причина да не постои книга за целиот потфат. 

Папагалот - последен говорител на изумрен јазик

Вообичаено се вели дека еден јазик постои сè додека е жив и последниот негов говорител. Но што ако говорителот не е човек, туку - папагал?

Кој доби Пулицер за роман оваа година?

Пулицеровата награда се доделува на најдоброто од новинарството и уметноста, но ова второво често се маргинализира, а во ударните вести акцентот се става на новинарите и медиумите (оваа година Асошијетед прес и Њујорк Тајмс за известувањата од Украина). Да разгледаме што има и во „убавиот збор“. 

Евровизиската песна за Едгар Алан По

Не дека Евровизија нешто посебно нè интересира, но понекогаш (како лани со Констракта) искрснува по некој интересен изведувач или песна. Во случајов е второто, приказна инспирирана од дух на славен писател.

Како да откриеш финансиска измама или законот на Бенфорд

Кога станува збор за откривање финансиски малверзации, човек и не мора да е Шерлок Холмс или да има значка од Еф-би-ај. Доволно е да знае дека бројките и човечката интуиција понекогаш не одат заедно, односно дека првите потпаѓаат под закони кои ако не ги знаеш, може да те разоткријат. Ако единственото што ќе го извлечете од текстот е токму ова, однапред се оградуваме од соучесништво. 

Концерт за сеизмичка активност и флејта

Софтвер кој претвора вибрации и осцилации од сеизмичка активност во ноти ќе биде искористен за концерт во живо, кој би можел да биде прилично здодевен (ако баш тогаш ја нема) или пак премногу динамичен ако во моментот реши да стресе. 

Дали оригиналната инспирација за Џејмс Бонд бил Евреин по име Шломо?

До сега доминантна теорија беше дека Бонд, Џејмс Бонд, е всушност Попов, Душан Попов, двоен агент од Кралството Југославија, кому му е посветен романот „Есторил“ на Дејан Тиаго Станковиќ. Но бидејќи со тајните агенти многу работи се тајни, можно е Флеминг да имал барем уште една инспирација.

Букбокс читанка: „Кажи ѝ на машината лека ноќ“ од Кети Вилијамс

Да се чита овој роман е како да се гледа филм. Всушност, можеби филмскиот јазик уште подобро би му одговарал. Годината е 2035-та, а луѓето се се уште опседнати со она што ги мачи со милениуми - сопствената среќа.

Смел-о-вижн: пропаднатиот обид филмовите да мирисаат

Звукот, бојата и специјалните ефекти го трансформирале искуството на гледање филмови. Но на ова поле има и иновации кои едноставно не се „фатиле“. Еден од нив предвидувал прскање соодветни ароми во текот на проекцијата - кино-салите мирисале на рози, бензин, свеж морски воздух. Но не за долго. 

Во 2024 ќе излезе до сега необјавен роман на Габриел Гарсија Маркес

„Ќе се видиме во август“  е книга за чиешто постоење долго време кружеа гласини помеѓу обожавателите на Маркес. Таа навистина била чувана во неговата архива на Универзитетот Тексас, а ќе се појави во книжарниците следната година. 

Книжевно дело кое е истовремено и друштвена игра

Раскажувањето добри приказни преку игри е навистина тешко. Тие наметнуваат и такви предизвици со кои писателите вообичаено не се соочуваат. На пример, ако на играчот му е дозволено да носи примарни наративни одлуки, тогаш приказната веќе нема дефиниран протагонист. Ако пак му се одрече контролата врз одвивањето на приказната, тогаш се укинува главниот елемент што игрите го нудат во споредба со потрадиционалните, статични наративни медиуми - интерактивноста.

Вештачката интелигенција е закана за Википедија?

Меѓу големиот број последици од (барем за нас, лаиците) неочекувано брзиот подем на генеративната вештачка интелигенција, е дилемата околу корисноста или ризикот да се работи со големи јазични модели за генерирање содржини. На пример на најкористениот извор на информации, отворената енциклопедија - Википедија.

Кога ставале радиум во чоколадото

Во не така далечното минато радиумот, за кој денес се знае дека има крајно негативни ефекти по здравјето, бил користен како подмладувачка состојка, лек против импотенција, „зачин“ во чоколадото, па и „прекрасна“ ноќна светилка, која испушта необична светлина во темна просторија.

Каква е таа струка „писател“?

Дали писателството е занимање, професија, струка или занает? Може ли да се споредува со механичар, водоводџија, електричар? Или дремењето пред монитор и трепкачки курзор е повеќе вокација, нешто што тој човек согласно својот талент и вештини е повикан да го прави?

Најкратката војна во историјата која траела - 38 минути

Никој не би требало да сака војна, особено не таква која би се викала „Стогодишна војна“ (како што била наречен конфликтот помеѓу Франција и Англија кој започнал во 14-ти а завршил во 15-тиот век, и всушност траел 116 години). Но ако судирот е неизбежен, тогаш е подобро да заврши колку што е можно побргу. На пример - за пола саат.

„Море од дрвја“ - приказната за шумата на самоубијците во Јапонија

Северозападно од планината Фуџи се наоѓа Аокигахара, шума која е толку густа што е позната како „море од дрвја“. Голем број посетители го бираат ова место како нивна последна дестинација. Тука се одвива и дејството на истоимениот филм со Метју Мекконахи, во режија на Гас Ван Сант.