Џеф Бриџис ќе го игра Бог, а Џони Деп ѓаволот во нов филм на Тери Гилијам. Насловот е „Карневал на последните денови“ (Carnival at the End of Days), а режисерот го опишува на следниов начин: „Бог го истребува човештвото и единствениот лик кој се обидува да ги спаси луѓето е Сатаната“.
Покрај овие два славни актера, екипата ќе ги вклучи и Адам Драјвер и Џејсон Момоа. За улогата на Бриџис Гилијам вели: „Тој нема да биде онаков Бог на каков што сме навикнати. Во филмот, Бог е природата. Но природата може да ви зборува...ќе ми биде потребна и анимација, бидејќи во една конкретна сцена со него има најмалку 15 животни. Ќе биде комплицирано затоа што треба да биде реалистично. И ќе биде многу скапо“.
Снимањето најверојатно ќе започне во јануари 2025. Ова ќе биде значаен чекор во кариерната рехабилитација на Деп по неговиот јавно следениот развод од Амбер Хрд, кој вклучи и судски процес во кој тој беше обвинет од поранешната сопруга дека физички и сексуално ја малтретирал. Откако го доби случајот, тој се појави како Луј 15-ти во историскиот филм „Жан де Бари“ и најави дека ќе режира биографија на славниот италијански сликар Амедео Модиљани, со Ал Пачино во главната улога (за што претходно пишувавме тука).