пишува: Саша Чапин, новинар и писател
- Сум работел со стотици несреќни креативни луѓе и она што сум го сфатил може да се сведе на една реченица. Знам дека е ужасно да се создава во сопствена одбрана. На пример: ќе ви биде неверојатно тешко да пишувате ако вашиот мотив е да се обидете да ги убедите другите дека не сте глупави или досадни, или ако се надевате дека нема никого да навредите.
- Гостопримството е еден од домените каде давањето е добивка. Сум зажалил што сум потрошил пари на многу нешта, но никогаш на храна за пријателите.
- Знам дека патувањата вредат, затоа што поголемиот дел од знаењата не можат да се запишат. Најсуштинската информација за едно општество е какво е чувството да си таму - ритамот на уличниот живот, каде и како луѓето јадат, како функционираат половите разлики. Можете да прочитате милион нешта за Јапонија, ама тоа не е ништо без да го почувствувате телесното исксутво на шетање наоколу во општество кое високо ја вреднува довербата.
- Зелката е потценета. Потпржена зелка е превкусна. Четврт главица зелка во тавче со бело вино и супа додека не омекне, додаваш путер повеќе отколку што е разумно, малку жалфија и на крај лимон и сол. Исто така, зелка од туршија е еден тип храна која секогаш прави да се чувствуваш добро.
- Влијанието на околината е најефективна форма на контрола на однесувањето. Согласно на тоа, ако сакаш радикална промена, радикално промени си ја околината. Ако живееш во погрешниот град тоа ништи години и години работа на себе.
- Еден совет кој звучи блесаво, но кој може да ти го подобри животот. Веројатно дишеш премногу високо во градите. За да го поправиш ова веднаш, замисли дека дишеш низ анусот.
- Не сум најсмешниот човек, но сум доволно смешен и знам како да станеш посмешен ако не си природно талентиран за комедија. Само кажи ги најглупавите нешта што ти доаѓаат на ум, ама со нормален тон на гласот.
- Знам дека има два вида искусување: допаѓачко (appreciative) и оценувачко (evaluative). Конкретен пример: да речеме слушате музика. Дали тонете во неа, навасани од чувства? Тогаш сте во допаѓачка состојба. Дали сте тон инженерот, кој ги следи бубњевите за да биде сигурен дека се конзистентни? Тогаш сте во оценувачки моуд. Голем дел од нашето ментално здравје и среќа се состои од пронаоѓање на вистинскиот моуд за вистинскиот момент. Тоа нешто да ти се допаѓа е лош водич за бизнис план. Но проценувачкиот е ужасен за прва средба со партнер. Голем број способни, интелигентни луѓе страдаат затоа што не можат да се префрлат од еден на друг канал или дури и да забележат дека се на него.
- Кога партнерот/партнерката бара од тебе да завршиш некаква обврска која го/ја нервира а не е особено тешка, биди благодарен. Тој или таа ти даваат начин да заработиш поени во врската, а со тоа и да имаш фин живот. Наспроти ова, обезбедувањето личен развој е многу покомплексна задача отколку фрлањето ѓубре.
- Знам како да лупам ѓумбир. Земи лажица. Првиот пат кога ќе го сториш ова ќе се чувствуваш како да си Нео со свеж мозок полн со исти такви кунг-фу вештини.
- Знам дека не може да се забележи нешто што е контрадикторно на фактите. Веројатно нервозен човек што го познаваш не е убедлив кога препорачува смирувачко дејство на лаванда или на вежбање. Но она што притоа не го гледаш е манијакот што тој би можел да биде без своите иљачи.
Уште совети тука.