Пред еден век, Ричард Сајмон и Макс Шустер основале мала издавачка куќа, која најпрвин објавувала книгички со крстозбори, а потоа популарни наслови. Денес „Сајмон и Шустер“ е најголемиот независен издавач на книги за деца и возрасни, како и на куп бестселери.
Меѓу нив и книгите на Швеѓанецот Фредрик Бакман, поточно англиските преводи на неговите „Човекот по име Уве“ и „Вознемирени луѓе“ (за филмот направен според првата книга Букбокс осврт тука, за книгата тука). Оттаму и јасно е зошто го викнале да зборува на големата прослава на стогодишнината од постоењето на куќата.
Ама Бакман ја користи приликата да зборува за сè освен за тоа што е викнат, а тоа е да ги величи постигнувањата на своите ценети американски издавачи. „Мојата агентка ми рече дека треба да дојдам за да вежбам како да зборувам пред луѓе. А јас ѝ велам дека по осум часа дневно зборувам со луѓе, само што ги имам измислено“, вели тој. Продолжува со она што би се очекувало - муабет за креативната анксиозност или за одложувањето на обврската да се пишува, само не на начин на кој се очекува.
„Да се биде писател е најдобриот начин да се биде платен затоа што си лудак. Мојот мозок и јас не сме пријатели, ние сме како соученици кои треба да завршат заеднички проект, наречен живот. И не ни оди баш добро.“
Слушнете ги сите четири минути и освежете: