- Македонија и градот Скопје ќе бидат домаќини на големо светско ракометно натпреварување.
- На Ракометната федерација на Македонија ѝ е доверена организацијата на IHF Men’s Junior (U21) World Championship, кое ќе се одржи во периодот 23 јуни – 4 јули 2027 година, соопштува РФМ.
- На ова престижно натпреварување ќе настапат најдобрите млади ракометари до 21 година од целиот свет, а Македонија и градот Скопје повторно ќе бидат во фокусот на светската ракометна сцена.
- Долгогодишниот познат хрватски судија Тихомир Пејин кој веќе некое време работи како ВАР судија, утрово е нападнат во Вилсонова улица во Осијек додека бил на трчање. Го нападнале двајца маскирани напаѓачи со палки околу 7 часот наутро а еден случаен минувач со возило упорно свирел па така ги заплашил напаѓачите кои избегале.
- Пејин набрзо бил пренесен во болница каде му биле констатирани лесни телесни повреди.
- „Не знам зошто сум нападнат ниту кој ме нападнал и се надевам дека полицијата ќе ги пронајде напаѓачите“, рекол Пејин. Според сведоците едниот напаѓач имал моторциклистичка кацига а друг трчал со маска преку лице.
- Пејин како фудбалски судија работел 25 години и судел натпревари во највисок ранг во хрватската прва ХНЛ лига.
- Индекс пишува и дека тој минатата година бил именуван за директор на аеродромот во Осијек и е член на владејачката партија ХДЗ.
- Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас речиси сигурно ќе го напушти Лајпциг до крајот на летниот преоден рок, откако германскиот клуб јасно стави до знаење дека не смета на неговите услуги.
- Според најновите информации од Италија, сериозен интерес за негов ангажман покажуваат Астон Вила, Јувентус и Наполи, при што сите три клуба ја разгледуваат можноста да го доведат на едногодишна позајмица.
- Наполи, каде Елмас ги помина најуспешните години од кариерата и ја освои титулата во Серија А, сака повторно да го врати во своите редови. Сепак, италијанскиот клуб во моментов не е подготвен да ја плати откупната клаузула од 17 милиони евра за траен трансфер и преферира нова позајмица.