Во февруари 2022 (како што пишувавме тука) Њујорк тајмс за седумцифрена сума од креаторот Џош Вардл ја купи мега-популарната игра Вордле. Во неа играчот има шест обиди да пoгоди збор од пет букви. Играта стана особено популарна во текot на пандемијата, овозможувајќи луѓе низ светот да се натпреваруваат во погодувањето на зборот кој се менува(ше) на секој ден, како и да направат верзии на локалните јазици.
Но сега Њујорк Тајмс почнува судски процес против Ворлдле, игра со географски термини, која од играчите бара да погодат локација базирана на Гугл стрит вју.
Креаторот Кори МекДоналд вели дека ова се сосема поинаква игра, бидејќи Ворлдле е за ворлд (светот), Флегле е за флегс односно за знамиња, Нрдле е за математички загатки и сл.
Сепак тужителот тврди дека името создава забуна бидејќи е преслично и по звук, и по изглед и по значење. На Њујорк Тајмс не му прави разлика што географската игра ја играат само 100.000 луѓе (во споредба со милионите на Вордле), а и тоа што за неа нема апликација туку се игра на веб браузер.
Согласно американските закони за патенти и интелектуална сопственост „Трговските марки не мора да бидат идентични за да бидат збунувачки слични“. Ова со други зборови значи дека Ворлдле изгледа ќе го загуби случајот, бидејќи корисниците можат да помислат дека двата производа доаѓаат од еден ист извор.
Додека двете страни се расправаат, вие можете да го решите денешното Зборле.