Teнис на тревник, како што се викала играта на почетокот, била развиена во раните 1870-ти, како нова верзија на дворската игра „вистински“ или кралски тенис. Првите топчиња биле увезувани од Германија - откако Чарлс Гудјир ја измислил вулканизираната гума, токму Германците биле најуспешни во развивање на гумени топчиња исполнети со воздух. Тие биле лесни и во сива или црвена боја.
Џон Хиткот прв се обидел да ја покрие гумата со фланел, па набргу топчето се здобило со празно јадро, користејќи гас за да се создаде притисок во внатрешноста. Првично гумените парчиња биле кроени во облик сличен на тролисна детелина, но денешниот метод на спојување две хемисфери подоцна се покажал како поефикасен за подобрување на дебелината на ѕидовите на топчето.
Долго време по воведувањето на фланелската обвивка надворешноста на топчињата била бела. Но промената во жолта се случила поради побарувањата на телевизиските преноси.
До 1972 таа веќе била во боја низ речиси целиот свет. На крајот на 1960-тите, лицето одговорно за преноси на Би-би-си (што значи и за преносите од Вимблдон) бил никој друг туку Дејвид Атенборо. Тој забележал дека видливоста на традиционалната бела топка не е доволна, особено кога била во близина на линиите на теренот, кои биле (и уште се) исто така бели. Требало да поминат неколку години за да се создадат услови за потребната промена - топчињата да бидат во друга, позабележителна боја.
Во спомнатата 1972, не само што телевизијата веќе била насекаде во колор, туку и тенисот станал голем светски спекаткл. Меѓународната тениска федерација, која била одговорна за правилата, нарачала студија која покажала дека жолтото топче е повидливо и оттаму ќе им овозможи подобро искуство на телевизиските гледачи. Освен тоа, самите терени станале повеќебојни откако почнале да се користат синтетички материјали на официјалните турнири.
Во овој филм од 1961 (помалку од 5 мин.) е прикажан процесот на правење на тениско топче.