Врските помеѓу Јапонја и Португалија датираат од 1543, кога првите португалски морнари пристигнале на јужниот јапонски архипелаг. Импресиите од оваа средба се вклучени во долното видео, компилација под наслов „Гласови од минатото“. Во него реални јапонски историчари од 16 век ги опишуваат неочекуваните посетители. „Јужен варварски брод пристигна на нашите брегови“, пишува еден од нив, анонимно. Од пловилото излегле „неименувани суштества, слични по форма на човечки“, но послични на долгоноси гоблини или на демонот микоши-нјудоо (слика доле).
Тоа суштество излегло дека е „падре“ (или на јапонски батерен), мисионерски свештеник дојден во Јапонија да ја шири „киришитан“-ската религија. Во оваа примарна задача тие се соочиле со сурови предизвици (за ова види го филмот на Скорсезе, Silence од 2016). Но као први Европејци кои дошле во допир со Јапонија, тие успешно ги ширеле западните концепти и техники во земјоделството, науката и уметноста. Тоа што со себе го донеле огненото оружје го променил текот на јапонската историја, играјќи улога во овозможувањето на обединувањето на Јапонија во следниот век.
Имало и домородни христијански конвертити иако не во толкав број колку што се очекувало. И денес Јапонците имаат свој начин на правење на нештата, но тогаш владетелите строго ги санкционирале сомнителните странски влијанија. Последниот дел од видеото содржи сведоштво за „битка“ помеѓу христијанството и будизмот, дебата која христијанскиот свештеник ја загубил.
Едно од прашањето на будистот било - ако Бог навистина го создал човекот и светот, тогаш зошто не обезбедил дека сите ќе веруваат во него еднакво, а не да те мачи да доаѓаш да проповедаш во негово име илјадници километри од дома?