Bookbox

Премиерата на „Црно семе“ во Битолскиот народен театар се совпаѓа со две годишнини: 100 години од издавањето на Абецедарот, букварот на македонски јазик отпечатен во Атина во мај 1925 на лерински народен говор и 90 години од раѓањето на Ташко Георгиевски. Со режисерот Андреј Цветановски зборуваме за истовремената универзалност, но и посебноста на трагичната судбина на ликовите, кои на Садизмот и Бескрупулозноста одговараат со Чистота и Истрајност.

Неодамнешно дешифрирање на папирус покажува колку биле строги санкциите кон оние што правеле дубари сакајќи да ги одбегнат обврските кон државата во древен Рим. Човек два пати да помисли дали да се впушта во такви авантури. 

„Само површинска рана“: 50 години од „Монти Пајтон и светиот грал“

Тројански зајаци, витези што викаат „ни!“, дебата за тоа дали ластовиците се доволно силни за да носат кокосови ореви и модерен историчар кој тук и таму упаѓа за да коментира пред да биде брутално заклан од витез-минувач. Само што го пишуваме ова па ни е смешно, исто како по кој знае кој пат да го гледаме филмот.

Град во Јапонија направи игра со карти слична на Покемон во која ликови се повозрасните жители

Веројатно знаете за Покемон, вистинската (онаа со физички карти а не со апликација на телефон), која им овозможува на играчите да собираат карти, да прават шпилови и да се борат со лик на своето омилено чудовиште. И ако сте фан, веројатно посакувате да имате персонализирана картичка, само за вас. На жители на еден јапонски град ова сега им успеева. 

Кое е потеклото на зборот „тарифа“?

Според Дигиталниот речник на македонски јазик, тарифа е именка од женски род која означува систем од норми за плаќање на нешто - такса, награди и сл. Иако во моменто е актуелен во контекст на мерките на Трамп, зборот звучи некако ориентално, нели?

Тркачката што со „иле“ го променила правилото дека жени не смеат да трчаат маратон

„Жените не се физиолошки способни да истрчаат маратон“. Овие зборови ги добила Роберта Боби Гиб како одговор на нејзиното барање за официјална регистрација на Бостонскиот маратон во 1966. Така ли? - помислила жената која во тој момент била способна ко ништо да истрча 60 километри во еден здив.

Букбокс гледаше: „Јас сум Селин“ (2024)

Настапот на Селин Дион на отворањето на Олимписките игри беше брилијантен сам по себе. Но тој добива на уште поголема тежина ако се знае (и ако со свои очи се види) како изгледала предиграта на овој голем настан, со оглед на нејзината борба со реткиот невролошки синдром, кој погодува 1 на милион луѓе. Овој документарец го овозможува тоа, со надеж дека ќе ја зголеми свеста за ваквите нарушувања и кај оние што не можат да си ја дозволат најдобрата нега на светот. 

„Каде ви е храброста?“ - малку познатата борба на Џони Кеш

Во 1964, Џони Кеш издал теаматски албум под наслов „Горчливи солзи: балади на американскиот Индијанец“. Веднаш се соочил со цензура поради залагањето за домородците. Ама па и не останал должен.

Кој е Томас Жоли, режисерот на отворањето на париската Олимпијада?

Реакциите по завчерашната свечена церемонија на отворањето на летните Олимписки игри во Париз не стивнуваат. Провокативна, за некои дури и контроверзна, логистички прекомплицирана (плус дождот), таа со сигурност долго ќе се памети. Но кој е човекот зад целиот проект?

Букбокс друштвени игри: „Кутна Хора“ или како да развиваш ментални мускули копајќи сребро (и пиејќи пиво)

Локацијата е Чешка, времето среден век, а некако логично на ова, помеѓу шесте ресурси кои можат да се собираат и да носат поени има и месо (веројатно колбаси) и пиво. Ова е истовремено прва игра која за некои од елементите користи рециклирано дрво. Прочитајте повеќе во освртот на Стефан.

И спортистите се луѓе: стимулативна историја на користењето бесплатни кондоми на Олимпијадите

Покрај сите организациски, безбедносни и логистички предизвици, секоја Олимпијада се соочува и со фактот дека многу луѓе на едно место можат, меѓу другото, да имаат секс. Организаторите на најновата во Париз објавија дека обезбедиле дури 300.000 од нив. Голем чекор од Токио и Пекинг во време на пандемијата и поинакви брисеви, но не изненадувачки во однос на историјата на користењето кондоми низ историјата на Олимписките игри. 

Џејмс Бонд не бил таен агент туку - птичар!

Бил најзначајниот орнитолог - експерт за Карибите во 20-тиот век. Неговиот прирачник за птиците од овој дел од светот бил исто толку неопходен за птичарите колку и двогледот и кремата за сонце. Она што е помалку познато е дека Јан Флеминг го нарекол својот таен агент токму по овој лик, крадејќи го неговото име. Како извинување му дозволил да го користи неговото, за именување на некој „ужасен“ вид птица. 

Џонатан Свифт не бил само автор на „Гуливеровите патувања“ туку и основач на систем на микро-кредити за сиромашните

Tри години откако го напишал своето капитално дело - сатира на патеписната литература од почетокот на 18 век - Свифт напишал критички есеј под наслов „Скромен предлог“ во кој предложил сиромашните од Ирска да си ги продаваат децата како храна на Британците за да преживеаат. Но наместо да остане на „хехенца“, славниот автор презел и некои поконкретни чекори за да ги извлече своите сограѓани од мизеријата. 

Мравја хирургија: прв регистриран случај на ампутација што не е изведена од човек

Изминатата недела не беше богата само со вести од политиката, воените жаришта и спортот. Имаше нешто и од науката, и тоа поврзана со суштества на кои вообичаено не им се придава големо значење. На пример тоа дека мравки знаат да дијагностицираат проблем помеѓу своите и да го решат со животоспасувачка ампутација, за да не се инфицира целото тело. 

Човекот што го спаси облакодерот

Во 1965 во Чикаго започнала градбата на нешто што требало да биде највисоката зграда во САД и втора по висина во светот. Тоа е време кога облакодерите веќе не биле толку модерни, туку биле сметани за непотребно скапи и ризични. 100-катницата сепак не била ризична само поради висината, туку и поради ветровитоста и мочуришниот терен на овој град. Една позната „пророчка“ предвидела дека објектот ќе се сруши. Главниот инженер и дизајнер кога го слушнал ова се насмеал. Но набргу насмевката му се замрзнала, кога добил вест дека објектот тоне. Тоа можело да значи не само крај на неговата кариера, туку и крај на облакодерите како такви. 

Како серијата „Вип“ ја предвиде рокадата Бајден-Харис

Политичката сатира закитена со неколку Еми награди, со Џулија Луис-Драјфус во главната улога, иако смешна, на моменти знае да биде исто толку напорна исто колку и следењето на политичките игри на американската реална политичка сцена - цинизам, тотално отсуство на емпатија, „византиски“ игри. Последната епизода е емитувана пред пет години, a сега доживува обновен интерес, поради чудни совпаѓања на нарацијата од третата сезона натаму.

Кијану Ривс: „Цело време мислам на смрт“

Насловот може да звучи морничаво, но не и за славниот актер. Тој во ваквата мисла наоѓа основа за благодарност, дека се уште дишеме и имаме можност нешто да направиме. На пример, како и тој, да објавиме прв роман. 

Актерите што им читаат на пациенти со мозочен удар

Во болници низ Британија, актерската група ИнтерАкт им овозможува дружење и читање од омилените книги на пациентите. Дали е утописки да се замисли нешто вакво кај нас?

Генерал Патон, Тарзан и Фелипе Шести: познати личности кои биле и Олимпијци

Списокот вклучува членови на европски кралски семејства, двојникот на Дарт Вејдер и американски генерал од Втората светска војна.

Букбокс гледаше: „Вон бесконечно долгите две минути“ (2020)

Снимен е во текот на пандемијата во тек на само една недела, а премиерата се одржала пред 12 луѓе. Но микро-буџетскиот јапонски филм и денес масовно се споделува и поради начинот на кој е снимен (во еден кадар) и поради темите кои ги начнува, за судбината наспроти слободната волја. 

Зошто велиме „штурци“ кога е тивко?

Звукот на штурците може да достигне и до 100 децибели (еквивалент на звук што го испушта мотор на далечина од 1 метар). Тогаш зошто го користиме како асоцијација на тишина или отсутво на реакција?

19 јули 2024 - денот кога пингвинчето на Линукс има причина да се смешка

Денот кога половина свет е во дефект поради технички пропусти во надградувањето на Виндоус, и кој веројатно ќе биде прогласен за најголем компјутерски испад во историјата, се доживува како победа на оние кои цело време заговараат отворени и бесплатни oперативни системи. Мемињата што го преплавија интернет го содржат препознатливото знакче на Линукс наспроти синиот „екран на смртта“ на Мајкрософт. 

Гозе ута - јапонската традиција на слепи пејачки која се одржува во живот

Традицијата потекнува од почетокот на 17-тиот век, а нејзиното одржување, меѓу другото, им помагало на слепите жените да заработуваат. Додуша, нивниот живот не бил лесен и подразбирал и одредени правила, меѓу кои и она за целибат.

Зошто е тешко да послушаш совет?

Во древниот индиски еп Махабхарата се опишува конфликт помеѓу две групи кралски наследници. Богот Кришна ги предупредува дека планираната војна ќе води до целосно уништување на обете страни и се обидува да воспостави мир. Лидерот на едната фракција не го послушува, војната започнува со 4 милиони војници. По 18 денови само 11-мина од нив преживуваат. 

Дали би живееле во куќа направена од буковки?

Прво што визуелизираме кога помислуваме на куќа од печурки е онаква од огромни бело-црвени габи со точкички, како во приказните. „Циглите“ добиени од фунги во Намибија не изгледаат така, но можат, како во приказна, да ја решат градежната криза не само во оваа земја, туку и пошироко. 

Јапонскиот Рудолф Валентино - еден од првите секс-симболи на филмската индустрија

Сесуе Хајакава бил номиниран за Оскар за својата улога на лошиот поручник Саито во „Мостот на реката Квај“ од 1957. Ова било кулминација на повеќедецениска холивудска (и европска) кариера во кој човекот кој е сметан за еден од првите филмски секс симболи, но сакал да биде и нешто повеќе отколку егзотичен „зликовец“.

„Хилбили елегија“ или филмот направен по книга на кандидатот за републикански потпретседател на САД

За тазе најавениот „ранинг мејт“ на Трамп во претседателската трка, Џејмс Дејвид Венс, биографските податоци велат дека е политичар, прв маринец-ветеран кој би се нашол на ваква висока позиција и сенатор од Охајо. Но неговата номинација имаше уште една логична последица - актуелизирањето на неговиот мемоар-бестселер од 2016, по кој е направен и филм.

Стекот го сакате попечен или неонско син? - експериментот со храна во необични бои кој никогаш не се случил

Опседнатоста со новитетите во прехранбената индустрија во 1960-тите довел до создавање на мит за постоење на студија во која се проценувале реакции на испитаници на необично обоена храна. Иако не постои релевантен извор за неа, таа со децении е цитирана во академски трудови, но и во медиумите и во уметнички дела. 

Букбокс гледаше на Синедејс: „Сонувачки“ (2024)

Ова е документарец за сонувачки кои, наспроти нормите на своето време, успеале да си го остварат својот сон и во вистински момент да се разбудат, заземајќи си го местото во историјата. Во таа официјална историја често има „дупки“, кои ги пополнуваат ентузијастични неформални архивисти и раскажувачи, како авторите на овој филм.