
Иако веројатно со добри намери, начинот на кој медиумите ја портретираат осаменоста може да ја влоши состојбата преку негативното влијание на текстовите за тоа како е да си сам.
Детално истражување на 144 статии од водечки американски весници, објавени помеѓу 2020 и 2022, направено од тим од Универзитетот во Мичиген, разоткрил вознемирувачки тренд. Осаменоста е доминантно опишана како негативна, дури и опасна состојба. Овие статии го опишуваат чувството на тоа да се биде сам 10 пати повеќе како нешто што е штетно, а не потенцијално корисно. Наодите се објавени во стручното списание Nature Communications.
Тие ја нагласуваат потребата медиумите и кампањите за јавно здравје да прават попрецизна разлика помеѓу тоа човек да е просто сам или да се чувствува осамен и да промовираат идеја дека минувањето барем дел од времето во осама е неопходен дел од секојдневниот живот, нешто што може да биде и многу корисно.
Ова е прва студија која критички анализира како американските информативни гласила ја портретираат самотијата. Таа не само што зборува за нашата врска со други луѓе, туку уште повеќе е показател за нашата врска со сопственото време. Учењето на ова парче слобода да се гледа како на нешто позитивно не само што ги штити луѓето од тоа да се чувствуваат осамени во негативна смисла, туку промовира здрави искуства на самотија која ја помага генералната благосостојба.
Оттаму, пораките кои предупредуваат од опасностите на тоа да се биде сам всушност можат да бидат контрапродуктивни, правејќи поединците да се чувствуваат уште полошо во нивната осаменост. Наместо тие да се туркаат со сила да влегуваат во социјални интеракции (нешто за што можеби немаат услови или желба) кај нив треба да се вградат попозитивни уверувања за тоа што може осаменоста да им даде, а не само да им земе.