
Мачко-месар од средината на 19 век во Лондон бил трговец кој туркал количка со евтини изнутрици и коњско месо низ резиденцијалните улици, извикувајќи нешто што звучело како „Ка-до-мии!“. Повремено застанувал кај некоја куќа и оставал претходно нарачано парче месо, често пати набиено на дрвено стапче, како ражнич. Истовремено, неговиот извик бил сигнал домаќините да излезат на тротоар и да купат храна за нивните љубимци. Иако мачките требало да се прехрануваат самите со ловење на глувци, урбаните сопственици сепак издвојувале пари од домашниот буџет за да им обезбедат дополнителен оброк.
За разлика од домаќините, на мачките не им бил потребен посебен сигнал - тие веднаш го опкружувале продавачот, без оглед дали биле улични или чувани. Повеќето трговци имале нежни срца па и бесплатно расфрлале храна по улиците.
Во текот на владеењето на Викторија, овие месари биле препознатливи по нивните сини престилки, сјајни црни шапки и сомотски пантолани. Тие биле интересни и за разните антрополози.
Во книгата „Лондонските работници и лондонската сиромаштина“ од 1851, Хенри Мејхју се задлабочува во нивниот мистериозен свет. Според него, во Лондон постоеле илјадници вакви продавачи, кои послужувале околу 300.000 мачки, во просек една во секоја куќа. Ова звучи како нешто од што добро би се заработувало, но профитот не бил толку голем во однос на изминатите километри и напорната работа.
Најдобрите населби биле оние кадешто живеел механичари, занаетчии и работници. Најлоши биле старите жените, кои иако биле бројни постојано земале роба на рабуш а потоа „заборавале“ да платат. За некои од трговците ова било прво работно место, но за повеќето последно. Две вообичаени сценарија биле месари на кои не им тргнал бизнисот и го загубиле дуќанот или бојаџии на кочии, чие здравје се влошило од отровните бои кои ги вдишувале со децении. До крајот на векот не било невообичаено да се види и понекоја жена, често вдовица, како м'кне ваква количка.
Оние продавачи кои успевале да не ги испијат парите можеле да изградат стабилни животни од оваа професија. Таквите кои сакале да вложат малку и во маркетинг објавувале мала реклама во локалниот весник. Што се однесува до професионалните ризици, тие вклучувале напад од кучиња-скитници, или доколку се случело да се преврти целата количка, месото да биде изедено од мачешката клиентела која немала намера да плати.
Сепак, за оваа професија биле поврзани и морничави приказни. Дали месото што се продавало било ЗА мачки или ОД мачки? Ова ги држело будни особено децата, кои се плашеле дека нивните миленици можат да завршат како храна за останатите од својот вид. Но мачкиното месо се вели дека станало дури и храна за луѓе кога во при германската опсада на Париз од 1871, во очајните последни месеци на франко-пруската војна, во потрага по нови извори на протеини, париските шевофи почнале да ставаат мачки, кучиња и стаорци на менито. Ноќта пред градот конечно да капитулира, извесен г-дин Вашбурн од американската амбасада јадел во мал ресторан и изјавил дека храната се состоела од совршено „рагу од мачка“. Ова сепак можеби била само уште една урбана легенда за Французите, кои од аспект на Британците имале гадна навика да јадат се и сешто - ако можеле жаби, зошто да не и мачки?
На 8 септември 1888, пак, Ени Чепмен, средовечна алкохоличарка која живеела од продажба на плетени работи и цвеќиња, како и од повремена проституција, била пронајдена убиена и распарчена на задните скали од куќа каде една просторија служела и како продавница за месо за мачки. Таа подоцна е прогласена за втора од жрвите на Џек Мевосек, кој користел нож карактеристичен или за медицински професионалци или за месари. Со тоа била фрлена уште поголема сенка на овие луѓе, генерално сакани и од мачките и од жителите на Лондон.
Повеќе тука.