
Британски уметник го сруши светскиот рекорд за најмала рачно направена скулптура на светот - минијатурна Лего коцка, која е само малку поголема од човечко бело крвно зрнце.
Дејвид А. Линдон и до сега беше познат по своите микроскопски уметнички дела, вклучително скулптури кои се сместени на врв на игла и рекреации на слики на Ван Гог кои се високи само 0,5 мм.
За најновиот проект, уметникот создал три Лего коцки со различни големини. Со една од нив го сруши рекордот на претходниот негов колега, Вилјард Виган од 2017, кој всушност и го инспирирал да почне да се занимава со оваа работа.
Создавањето толку мали уметнички дела е напорна работа и бара целосно отсуство на вознемирување. Така, Линдон работи ноќе за да одбегне вибрации од минувањето на автомобилите во текот на денот. Тој се има истренирано и да го забавува своето дишење и да работи помеѓу отчукувањата на неговото срце. Дури и пулсот кој му пробива преку прстите може да претставува пречка за прецизно поставување на деловите.
Најмалата скулптура на светот не може да се види со човечко око. Дури две групи експерти ја мереле со светлосен микроскоп за да ја потврдат нејзината големина. Претходната најмала скулптура на светот претставуваше фетус поставен на влакно.
Пред да стане микроскопски уметник, Линдон бил инженер кој работел со мали инструменти во авионски кабини. Бидејќи за уметничките дела користи микроскопски пигменти, прашина, влакна од теписи па дури и антени од инсекти, и еден забрзано испуштен здив (или не дај боже кивање) може да го уништи целиот негов труд за миг.
Најмалата скулптура може да се види тука