Архитектура и балет: брилијантниот кореограф кој внесе танц во Баухаус

Индустриски дизајн или архитектура - движењето Баухаус ретко е поврзувано со танц. Но еден човек ги „превел“ принципите на овој стил во изведба која е исто толку привлечна колку и добро направена столица или зграда. 

Во текот на изминатиот век, движењето Баухаус ја има редефинирано врската помеѓу формата и функцијата. Германскиот архитект Валтер Гропиус го основал училиштето под исто име во 1919 во Вајмар, Германија, со намера да ги обедини архитектурата, убавите уметности и занаетите. Школата се фокусирала на минимализмот и создавањето објекти и производи за општествено добро. Во нејзините редови се вбројувале и Василиј Кандински и Пол Кле. 

Во нејзини рамки функционирала и театарска работилница на чело со Оскар Шлемер. Тој бил сликар, скулптор и кореограф, автор на за жал малку познатиот „Триадичен балет“, игрив танц структуриран во групи од по тројца. Премиерно изведена во 1922, авангардната продукција се состои од три бои - жолта, розова или бела и црна - и три форми на костими - квадрат, круг и триаголник. 

Зошто бројот три? Па затоа што според Шлемер тој го „трансцендира егоизмот на поединецот и дуализмот на парот и го нагласува колективното“. 

Во вистинска Баухаус форма, идејата била да се елиминираат декоративните егзибиции поврзани со балетот, вклучително и оние фигури кои им овозможуваат на телата да се превиткуваат, искривуваат и да ги истражуваат сите можности на подвижноста. Наместо тоа, костумите на Шлемер го ограничуваат движењето и додаваат модерен квалитет бидејќи танчерите изгледаат „здрвено“ и речиси механички, што е знак за фокусот на Баухаус врз пристапноста преку масовното производство и претворањето на уметноста во индустрија. 

Подолу 30-минутно видео од балетот:

 

5 март 2025 - 15:59