
Швеѓанецот Џеј Џеј Јохансон имал тешко детство. Имале само една четка за заби за целото семејство и не можеле да си дозволат чевли за сите. Го напуштил домот кога имал 15 години, и во 1990-тите живеел како бездомник и покрај тоа што неговиот прв албум поминал релативно добро. Сепак, кога продаваш албуми во друга земја (во случајов Франција) често минува долго време додека да ги видиш парите. Се случувало да спие по подруми, без постелнина и ВЦ, а крадел и јаболка за да си го наполни стомакот.
Кога го објавил вториот албум, Тату, во 1998, тој стигнал до 16-тото место на француските топ листи, по што сè се променило. На следниот албум, „Отров“ соработувал со основачот и гитарист на шкотскиот рок бенд Кокто Твинс, а почнал да снима и филмска музика.
До сега Џеј-Џеј има објавено 14 албуми, кои иако се разликуваат сепак имаат НЗС во неговиот џез вокал и „филм ноар“ аранжмани. Неговата популарност е голема и во модните кругови, откако песната „Вертиго“ е избрана од Ралф Лорен за модно шоу пролетта 2022 во Њујорк. Истата година Баленсијага ја зема „Девојката со сонце во нејзините очи“, пијано тема, за саундтрак на своја дигитална кампања.
Joхансон е под големо влијание на Чет Бејкер, за кого вели дека е магичен. И бојата на неговиот глас е слична на Чет, а како пресвртница во неговиот стил (премин од џез аранжмани кон хип хоп) ги наведува раните албуми на Портисхед.
Слушнете ја тука „Конечно“, балада која ја вклучува Третата симфонија на Брамс. И дојдете му на концерт во малата сала на Филхармонија на 12 март од 20 часот (карти тука)