Неколку  најскапи коректорски грешки во историјата

Грешките во пишувањето може да се банални, може да се засрамувачки, но исто така можат да бидат и - скапи.

Во 2013, жителите на Тексас го фатиле „попустот на векот“ кога поради коректорска грешка, стоковната куќа Мејсис во флаер изрекламирала ланче од 1500 долари на попуст за само 47. Всушност, вистинската цена требало да биде 497. Ама ете, таа деветка скапо го чинела продавачот, иако добро им дошла на купувачите. 

Гугл, од друга страна, сака преметнување на буквите при пишување. Во 2010, истражувачи од Харвард тврделе дека компанијата заработува 497 милиони долари секоја година од луѓе кои погрешно ги пишуваат имињата на популарни сајтови, па линкот ги носи на тн. „тајпосквотер“ страници кои „случајно“ се преплавени со Гугл реклами. Секако, ова го прават и различни хакери. 

Тиреа (цртички) обично не се најзначајните интерпункциски знаци. Но токму еден таков „неважен“ знак станал огромен проблем за НАСА во 1962, во случајот Маринер 1, првиот интерпланетарен лет на САД. Мисијата била едноставна: да се дојде близу „соседот“ Венера. Но една единствена цртичка во кодот, која била искористена да се одреди траекторијата и брзината, предизвикала леталото да експлодира само неколку минути по лансирањето. Артур Кларк, автор на „2001: Одисеја во вселената“, го нарекол „најскапото тире во историјата“.

Штета од 20.000 долари претрпело издание на тн. „Библија на тестенините“ , готвач во кој рецепт таљатели со сардини и пршута содржи совет „додајте сол и свежо смелени црни луѓе“. Изданието било на Пингвин Австралија, од каде веднаш ги уништиле 7000-те примероци кои се уште им стоеле на залиха. 

Се сеќавате на Златна книга (односно во американската верзија - Жолти страници)? Туристичката агенција Банер Травел Сервисис би сакала да заборави на овој телефонски именик. Кога фирмата решила да се рекламира во финалното печатење на именикот нејзината специјализација не гласела „егзотични дестинации“, туку „еротски дестинации“ (exotic-erotic). Сигурно за многумина ова било привлечно, но тоа не била клиентелата на која компанијата се надевала. 

Други скапи коректорски грешки тука

6 март 2025 - 19:59