Bookbox

Во далечната 1980 еден филозоф опишува мисловен експеримент, кој во следните неколку децении ќе стане најшироко анализираниот аргумент во когнитивната наука, а денес задира во природата на ВИ. Откако неодамна почина на 93 години, Џон Серл ќе биде запаметен токму по него. 

На 6 и 7 октомври 2025 (понеделник и вторник) од 19 часот ќе се одржи 11-тото издание на Меѓународниот фестивал на етнографски филм - ЕТНОФФ. Богатата програма содржи филмови од различни делови на светот кои ја истражуваат универзалната човечка состојба, но и опишуваат специфични културни контексти. Влезот е бесплатен!

Ќе се преиспитуваат околностите за смртта на Хантер С. Томпсон

Сопругата на новинарот и писател побара нова истрага од Бирото за истраги во Колорадо, иако неговата смрт во 2005 година беше прогласена за самоубиство.

Кој би победил помеѓу витез и самурај?

Во различни делови на светот се развиле два вида воини – европските витези и јапонските самураи. И двата реда оставиле силна трага во историјата и се сметаат за едни од највештите борци на сите времиња. Никогаш не се сретнале на бојно поле, но сличната улога во своите општества ги прави лесно споредливи.

Најспомнуваната актерка во Холивуд се вика Тили Норвуд. Како која Тили Норвуд?

Тили наводно не е замена за вистински актери, туку експериментален проект кој треба да се толкува во истата линија со анимација, кукларство или компјутерски генерирана графика. 21-от век изгледа ќе биде дефиниран од вакви „синтетички таленти“. Но во моментов ваквите експерименти наидуваат и на силни реакции, секако од човечки актери.

Старецот и рибата: народната приказна што објаснува како ВИ ќе го реконфигурира човештвото

Германска бајка регистрирана од браќата Грим (којашто можеби ја има и кај нас во некоја верзија) го илустрира што ни се случува во добата на вештачката интелигенција. Приказната за рибарот и неговата жена станува метафора за модерните „волшебни риби“ што ни ги остваруваат сите желби преку апликации и алгоритми. Од тоа излегуваме празни и со чувство на вина.

Урми: слаткото цивилизациско задоволство

Плодовите од „Дрвото на животот“ историски патувале од Месопотамија до САД, засладувајќи им ги телата и душите на многумина. Денес се особено популарни како замена за бел шеќер во здравите благца. 

Глупоста не е од вчера (a ќе ја има и утре)

„Кратка историја на глупоста“ од Стјуарт Џефрис (2025) на духовит и често провокативен начин ја истражува глупоста низ историјата, филозофијата и културата. Авторот ја разгледува оваа тема преку низа примери – од Шекспировите лудаци, преку Дон Кихот и романите на Флобер, па сè до современи фигури на славни личности и политичари.

Џубокс: историја на машината што го создаде американскиот поп

Историјата на џубоксот е вистинска приказна за тоа како технологијата и забавата се испреплетуваат и го менуваат секојдневниот живот. Сè започнало кон крајот на 19 век, кога во американските барови се појавиле првите Едисонови фонографи на паричка, кои со текот на времето се развиле во познатите шарени апарати, што станаа симбол на младинската култура во педесеттите години.

Зошто собираме нешта?

„Култури на собирање“ е разновидна збирка есеи што се занимаваат со човечката страст за собирање. Самата се опишува како „чавкино гнездо“, во кое се испреплетуваат примери – од ренесансни принцови со нивните кабинети на реткости, па сè до денешни собирачи на вреќички за повраќање од авиони или сувенири од Елвис. Покрај тоа, книгата содржи и теоретски текстови што се обидуваат да ги откријат корените на оваа опсесија.

Што е тоа „Запад“?

Нова книга на професор по историја на политичката мисла на Универзитетот Кралицата Мери во Лондон, Joргос Варуксакис, ја анализа идејата која многумина ја земаме здраво за готово, но е всушност тешко да се дефинира. Што е тоа „запад“, не (само) како правец на светот, туку како комплексен систем на историја, идеологија и гео-политика.

Секс, Сталин и Шостакович: приказната за една советска опера од 1934

Овој септември во Алберт Хол во Лондон ќе се одржи концертна изведба на операта на Дмитриј Шостакович од 1934 година – „Леди Магбет од Мценската област“. Повод за потсетување на контроверзите поврзани со неа.

„Будалаштини од почеток до крај“ - критиката за новата книга на Ден Браун

Херојот Робер Ленгдон се враќа за уште еден конспирациски трилер на Браун, прв негов роман по речиси една деценија, со подземни лаборатории и нови идеи за природата на свесноста. 

Тажната судбина на „најубавото момче на светот“

Документарец од 2021 ја раскажува потресната приказна на шведскиот актер Бјорн Андресен, кој на петнаесет години бил избран од италијанскиот режисер Лучино Висконти за улогата на Таџо во филмот кој денес се смета за класик, „Смрт во Венеција“. Ова му го променило животот, ама на полошо.

Eкспериментот на Розенхан: измамата што ја променила психијатријата

Во 1973 во престижното списание „Сајнс“ се појавила статија која предизвикала бура. Нејзиниот автор, професор по психологија од Стенфорд, тврдел дека извршил експеримент кој покажал дека психијатрите не се способни да дијагностицираат ментални болести и во психијатриски институции затвораат и луѓе кои не треба да бидат таму. Сепак, и неговата работа не била без маани.

Сите тие осамени луѓе

Нова книга на норвешката авторка Хилде Остби, „Толку осамени: нашата желба за заедница и она што не' разделува“ ја истражува сложената природа на осаменоста – зошто толку многу луѓе ја чувствуваат, иако живеат опкружени со други луѓе.

Букбокс гледанка: „Од највисоко до најниско“ (Highest2Lowest, 2025)

Долгоочекуваниот нов филм на Спајк Ли со Дензел Вашингтон во главната улога е верзија на „Рај и пекол“ на Куросава ги поставува истите етички прашања како и неговиот претходник во ново руво, додавајќи им боја, брзина и одлична музика. 

Книги, какао и хидропонски растенија: Варшава отвори библиотека во метро

На 4 септември на метро станицата Кондратовица во Варшава се отвори првата библиотека во метро. Таа содржи над 16.000 книги, детско катче и простор за релаксација за возрасни. Истовремено, тоа ќе биде место за културни настани. 

Зошто престанавме да произведуваме Ајнштајни?

Интернетот им даде на луѓето слободен пристап до речиси целото знаење, но тоа не доведе до „златна доба“ на човештвото. Ако генијалноста зависеше само од вродени способности и пристап до информации, денес би требало да имаме повеќе „гении“ од кога било. Сепак, изгледа дека големите умови се поретки отколку во минатото.

Сте слушнале за Леси и Рин Тин Тин, ама знаете ли за Стронгхарт?

Филмовите со животни во тоа време не биле само за деца, туку за поширока публика. Стронгхарт бил опишуван како „акциски херој од немиот филм“, налик на подоцнежните (човечки) Ван Дам или Шварценегер. Во текот на својата кариера германскиот овчар стекнал огромна популарност, добивал илјадници писма од обожаватели, па дури „потпишувал“ автограми со шепата натопена во мастило. 

Венецијанскиот лав е всушност од Кина

Анализа на изотопи пронашла бакарна згура од долината на реката Јангцекјанг во статуата која го краси плоштадот св. Марко. Само што тогаш не ставале декларации со „мејд ин Чајна“.

Koj сака да биде музејски инфлуенсер?

На прва можеби звучи блесаво, знаејќи дека инфлуенсерите главно се закачуваат на реклами за компании и производи кои ретко се од доменот на културата, уметноста или науката. Ама ете, на некого му текнало дека може и поинаку.

22-минутни овации во Венеција по проекција на филм за смртта на петгодишно палестинско девојче

Еден од најемотивните моменти на годинашниот Венецијански филмски фестивал се случи со премиерата на филмот „Гласот на Хинд Раџаб“, во режија на туниската авторка Каутер Бен Ханија. Проекцијата на оваа драма, која ја раскажува вистинската приказна за 5-годишното девојче од Палестина убиено во првите денови од војната во Газа, заврши со бурни реакции и најдолгите овации на фестивалот досега.

Позлатен храм на новиот светски поредок: внатре поранешната американска амбасада која сега е супер-луксузен хотел

Поранешната американска амбасада на плоштадот Гросвенор во Лондон, масивна градба од 60-тите години што долго време била обвиена со мистерии и гласини за подземни бункери и тајни тунели, денес доживува трансформација која изгледа уште поневеројатна од легендите. Од симбол на американската моќ, честа цел на протести за време на Виетнамската војна и мета на безбедносни закани, објектот е претворен во еден од најскапите и најгламурозни хотели во Британија.

Букбокс гледаше: „Дестинација Икс“ (Би-би-си, реално шоу)

Признаваме, последнава година се изнагледавме реални шоу програми кои си подигруваат со човечката психологија, ги истражуваат границите на довербата и алчноста по долар/фунта/евро повеќе. Во некои од нив дури се бира и животен партнер. Најновото од Би-би-си е по „лајт“ и главно има врска со мистериозни географски локации и културолошки симболи.

Вуди Ален: „Трамп е одличен актер и повторно би снимал со него“

„Селебрити“ беше не моногу фален филм на Ален од 1998 со познати актери меѓу кои Кенет Брана, Винона Рајдер, Леонардо Ди Каприо, Мелани Грифит и...Доналд Трамп. Последниов во филмот се појавува во кратка сцена во која дава лажно интервју. Но Ален вели дека покажал вистински актерски способности. 

Зошто инфлацијата на факултетски десетки ги прави студентите уште поанксиозни?

Бројот на студенти кои бараат психолошко советување на Харвард е речиси тројно зголемен во последната деценија. Многумина дури и не учат за испит, бидејќи знаат дека ќе добијат висока оценка. Наместо интензивна академска дебата, во центарот на животот на студентите се селат клубовите. Тие функционираат речиси како минијатурни компании: со селекција, интервјуа и строг процес на прием. Најексклузивните клубови се толку конкурентни што шансите да се влезе во нив се речиси исти како шансите за упис на Харвард. Во оваа паралелна хиерархија, школската работа често останува на страна.

Од античките табли, преку тајните билтени на банкарите: историја на „њузлетер“-от

Потребата за вести постоела многу пред да се појави модерното новинарство. Луѓето отсекогаш сакале да знаат што се случува во нивната околина – од војни и трговија, до движења на владетелите. Таквата потреба секако постои и денес, кога билтенот (њузлетер-от) доживува ренесанса, бидејќи им овозможува на новинари, писатели и аналитичари да објавуваат независно, без посредство на редакции или медиумски корпорации.

Градот од кој доаѓаат најдобрите кујнски ножеви

Во јапонскиот град Сакаи, на брегот на заливот Осака, се создаваат едни од најценетите кујнски ножеви во светот. Деведесет проценти од професионалните јапонски готвачи користат токму вакви ножеви, а благодарение на популарноста на кулинарските серии и на ТикТок, интересот кај странските туристи нагло расте.