До сега дваесетина европски држави привремено го стопираа користењето на вакцината на Астразенека, што во пракса само дополнително ги напна односите меѓу експертите за безбедност на вакцини и одговорните за јавно здравје кои стравуваат дека ова ќе го зголеми бројот на жртви на пандемијата.
Човек што читал стари комунистички весници не може да не се згрози или бар да не се преврти од смеење со каква тоа сериозност и бесрамност се фалеа некогашните најголеми синови на народите или Партијата која е исто со народот. Кој можеше да помисли дека тој стил денес ќе се чита во американскиот печат?
Диктаторите беа погодени повеќе од сатирата отколку некакви длабоки и паметни текстови кои ја анализираа нивната беда. Сега планот на сатирата, планот на хуморот, е покосено поле. Наместо луѓето да се ругаат, сега кукаат, а тоа е веќе последниот стадуим.
Во долга изјава која на кратко се сведува на тоа дека Господ „не и не може да благослови грев“, Ватикан го потврди својот став околу исто-половите бракови за сите што имаа некоја дилема околу тоа.
Најголемото олеснување што денес се чувствува е што може отворено да се зборува за потеклото на ковид-19 (дали е од лабораторија или од животно...) без притоа да звучиш како да го поддржуваш и цитираш Трамп. Кога СЗО тргна со истрагата во Вухан целта беше непогрешливо да се утврди потеклото. Целта, за сега, не е постигната.
Мамфорд енд санс се собрале и решиле дека после 14 години поминати заедно, за гитаристот и бенџоист Винстон Маршал веќе нема место во бендот. Многу нагнуел накај десно.
Бајден објави план за борба против пандемијата кој предвидува дека САД на Денот на независноста ќе може да ја „обележи независноста“ од ковид-19, што би значело до тогаш да бидат вакцинирани сите над 320 милиони Американци.
Познато беше дека „Житието на Брајан“ постои благодарејќи на маестралниот потег на Џорџ Харисон да ја заложи својата куќа за да го финансира филмот. Сега еден Пајтоновец открива како други рокери со свои пари помогнале да се појави еден друг нивен филм.
Здравствените власти на земјата објавуваат дека кај одреден број пациенти се појавило згрутчување на крвта по добивање на вакцината. Без да наведат кои, данските власти објавија дека уште шест членки на ЕУ го прекинале користењето на Астразенека вакцината.
Јован е епископ на СПЦ кому му е доверена сензитивна епархија во рамките на која се наоѓа и Јасеновац. Но не е само тоа; тој е и падобранец, подофицер, научник, филозоф, поет, рок критичар, историчар и... наш човек.
Прво беше шок и неверување кога Унгарија на своја рака се дрзна да го разбие европското вакцинско единство и да нарача вакцина од Русија. Меѓутоа за ЕУ тоа само беше потврда дека Унгарија цело време игра против Унијата. Како што вакцините од ЕУ не изгледаше дека ќе стигнат, така и други членки решија да тргнат по патот на Унгарија.
Моќното и пребогато лоби на тн. „Биг Фарма“ е во силна акција за зграпчување цврста контрола врз производството на вакцините. Бараат да се ограничи достапноста на поевтините вакцини, додека тие дерат милијарди од поскапите.
Во првите месеци од пандемијата масовно се навиваше што е можно повеќе научници / институти / компании да изработат вакцина против ковид. Во првите месеци од годинава, таа желба е остварена, ама сега доаѓа борбата околу тоа која од нив е „подобра“. И тоа излегува дека не е така лесно да се измери.
По жестоките критики на Меган Маркл (за интервјуто со Опра) за која рече дека „не ѝ верува ниту збор“, на адреса на британскиот бродкаст регулатор стигнале преку 41.000 поплаки дека Пирс Морган бил нефер и навредлив. Популарниот и неретко контроверзен водител утредента сфати дека каменот од блиску доаѓа.
Пред помалку од еден месец Базфид на „ликвидација“ го купува некогаш еден од највредните интернет медиуми (и финансиски и како публика), Хафингтон пост. Пред некој ден Базфид отпушти 50 новинари на Хафингтон, или секој трет новинар во редакцијата.
Товарот на пандемијата паѓа главно врз девојчињата и девојките. Двојно повеќе отколку машките на нивна возраст тие велат дека заради пандемијата, чистат по дома и готват за фамилијата многу повеќе отколку порано.
Не овој папа што шета, туку тој што седи во пензија во Ватикан, Бенедикт XVI, тврди дека има католици фанатици кои и понатаму одбиваат да веруваат дека тој се откажал од папската позиција.
Обвинението доаѓа од лидерот на ФДП (Слободна демократска партија), Кристијан Линдер, а проверката на ова тврдење ја прави Дојче веле, и исходот е јасен ама и малку нерешен.
На Фајзер, кој постои од 1849, ова не му е прва епидемија, и некако успеа да има добитен кандидат во трката со вакцини (Бионтек) и со речиси 80.000 вработени минатата година имаше нето профит од 9,6 милијарди долари. Ама ги има и други.
Иако се чинеше дека со брзо произведените вакцини ќе го сардисаме вирусот, неговите нови варијанти односно соеви покажуваат дека тој не ни помислува да го предаде натпреварот. За новите играчи во екипата на вирусот.
Додека медицинските и здравствени експерти порачуваат луѓе да не пребираат каква вакцина ќе примат (таму кајшто можат да пребираат), неколку католички заедници во САД тврдат дека последната авторизирана вакцина за коронавирус, онаа на Џонсон и Џонсон, е морално компромитирана поради линкови со абортуси.
Во очи на премиерата на интервјуто на Хари и Меган со Опра каде меѓу друго се зборува и за британската династија, вработени на кралското семејство излегоа во јавност со обвиненија за малтретирање од страна на Меган, за што кралското семејство најави дека ќе започне истрага. Тоа што ги интересира другите семејства во Британија е каде е истрагата за принцот Ендру и Џефри Епстин?