Според проценките на Обединетите нации и Интерпол, црниот пазар на диви животински и растителни билки годишно вреди меѓу 7 и 23 милијарди долари.
За не толку реткиот Жако (сив африкански) во Европа се подготвени да платат и неколку илјади евра. Долговечен е и знае да се научи да зборува. Во африкански земји како што е Танзанија која пред неколку години забрани извоз на птици, сиромаштијата го фаќа во дивината и ги продава на трговци за долар- два.
„На купците не им е гајле од каде доаѓаат птиците,“ вели еден холандски инспектор кој со години залудно се бори со шверцерите. „Луѓето секогаш сакаат да имаат нешто што имаат и другите, само поголемо и поскапо. Како со автомобилите“.
Во Холандија како домашни миленици се чуваат два милиона птици, во цела ЕУ го има речиси 50 милиони. Многумина не се задоволуваат со обични канаринци, папагали и гулаби.
Некои од птиците кои се листите на заштитени видови буквално се златни кокошки за криминалците. Плодна двојка подготвена за парење од крупните знае да чини и 100 илјади евра.
Во Европската Унија увозот е сосема забранет а дозволена е трговија само со птици кои се родени во кафези. Забраната од 2005 година беше одговор на птичјиот грип кој сега повторно зема залет на континентот. Во последните 15 месеци потепани се околу 50 милиони кокошки и други птици за да се спречи ширењето.
Тоа само ги зголеми цените во шверцот со егзотични птици.
„Секогаш има некој нов тренд. Секој сака нешто ново, никој не сака птица која лани била во мода,“ открива Крис Шепард, директор на меѓународното друштво за проучување и заштита на диви видови.
Пратките кои минуваат низ балканската рута понекогаш се состојат од илјадници птици и јасно е дека се работи за организиран криминал. Европол проценува дека половина од криумчарените птици не го преживуваат патот.