Живот и забава

Птиците не се вистински

Оваа голема вистина која сака да го потресе светот тлее неколку години но допрва зема замав во САД каде почнаа да држат и митинзи за освестување на рајата дека птиците не се вистински. Е, што се? Дронови, наивни едни.

Британците почнаа да шмркаат „етички“ кокаин

Како што има кафе и какао со „етичко потекло“ така сега на побогатите Британци им се нуди и еколошки кокаин со етичко потекло кој треба да им ги отстрани сите двојби дека грешат нешто.

За ЕУ не сите Астразенека вакцини се еднакви

Луѓе вакцинирани со Астразенека вакцина официјално можат да влезат во ЕУ, меѓутоа луѓе вакцинирани со Астразенека исто така и не може да влезат во Унијата. Многу е важно да знаеш од каде ти е вакцината.

Мел Гибсон тек сега нема да снима

Како да не му беа доволни напумпаните контроверзи за анти-семитизам и што ли беше уште, Оскаровецот направи нешто што Холивуд и идеолошки униформната елита која царува со тој бизнис тешко дека ќе му заборават и простат. Елем, го поздрави Трамп (му салутираше, чоече!) на еден настан од УФЦ. „Нека гори во пеколот неговата мртва кариера!“ инстинктивно проколнаа канселирачките одреди на либтардите.  

Може ли да бидеме нормални околу дебелината?

Секој што јавно те уверува и тврди дека е здраво или не е проблем тоа што си 30, 40, 50 кила потежок од тоа што треба, е идиот. Претерана килажа без никакво двоумење е фактор кој сериозно го влошува здравјето и ја зголемува веројатноста од смрт. И точка.

Колку е награда на лото да ја добиеш запленетата куќата на Ел Чапо?

Ранчови, вили, куќи и слични недвижности запленети од наркобосовите завршија во списокот на награди кои ќе се делат на лотаријата организирана од мексиканската влада.

90-годишна жена е прва што била заразена од две ковид варијанти истовремено

Случајот е од март а жената е од Белгија и не ја преживува болеста, и оди болница не заради ковид-19 туку затоа што дента паднала.

Параноиците дочекаа свои пет минути

Со децении мазно ќе одбиваш дури и да ги слушаш блесавите муабети дека мобилните телефони зрачат и дека од нив може да се добие рак или штотијазнам. И еден ден, ќе ти стигне токму таква вест од истражување на Беркли. Ој животе, не баш бенигна заебанцио.

За третата вакцина сè најдобро

Додека светот се убедува народ воопшто да почне да се вакцинира, Бионтек/Фајзер излегоа со нова студија според која лицата што примиле и трета доза од нивната вакцина имаат 5 до 10 пати повеќе антитела отколку овие со две дози.

Солунско бело

Во успешна акција на грчката полиција двајца Албанци се уапсени во Солун заради поседување посериозна количина кокаин. Во уште поуспешна анализа на грчкото обвинителство, истите двајца се ослободени.

Како делта сојот ја измести ковид стратегијата на Израел

Земјата која од почетокот на пандемијата е светски лидер во вакцинирање моментално бележи неочекуван раст на бројот на нови случаи на ковид-19.

Израел има лоши вести за Фајзер

Надлежените здравствени власти во Израел утврдиле дека на вакцината Фајзер, која генерално останува високо ефикасна во спречување на жестоки облици на ковид, ефикасноста значајно ѝ опаѓа кога е во прашање делта-сојот на коронавирусот.

11 години, дипломиран физичар, сака да нè направи бесмртни

Запознајте се со малиот белгиско -холандски вундеркинд кој заврши средно за година ипол а факултет за една година. Помлад од него беше еден Американец ама тој подоцна заврши по квизови. Ова дете е нешто поамбициозно. 

Огласувачите сакаат да ни влезат во соновите

Богата и моќна пивара почна да навигира низ нашите сонови за да ги насочи кон идејата дека ни се пие пиво. Се отвора една многу зезната пандорина кутија, предупредуваат научниците и бараат ограничувања за ваквата таргетирана инкубација на сонови.

Опасниот живот на Џон Мекафи

Урнебесно контроверзен живот, во кој се мешаат компјутерство визионерство, алкохол, дроги, криминал и фасцинираност од полусветот на отпадниците и курвите. „Да знаете дека нема да се обесам“ твитна Мекафи пред да биде најден обесен. 

Ова е тоа „и да умреш ќе се спасиш“?

Алармантна нова студија покажува дека мажите кои не се задоволни од својот брак (поточно го мразат) умираат значително порано од овие задоволните.

ФДУ на Јејл отсега ќе чини нула долари

Престижната школа - која меѓу другите ја имаат завршено Мерил Стрип, Анџела Басет и Пол Њумен -  во иднина ќе чини точно нула пари. Драго ни е што е тоа овозможено со пари од еден човек кого го познаваме од светот на музиката и плочите. 

Мешањето вакцини изгледа врши работа

Комбинацијата на вакцини, прва доза една, втора доза друга, предизвикува силен имунолошки одговор на организмот. Оние што прво примиле АстраЗенека а на ревакцинација добиле Фајзер, имаат неколку пати посилен имуно-одговор отколку оние со две дози Астра.

Француската храна е „израз на белата привилегија“

Начинот на исхрана на Французите само ја засилува доминацијата на белата популација врз етничките малцинства, заради што Французите (на шега) „треба да клекнат на едно колено во своите кујни“.

Никој не гледа СиЕнЕн и МСНБЦ кога не го хејтаат Трамп

Иако сите телевизиски мрежи уште се во длабок минус со публика во споредба со „златното време“ на Трамп, Фокс сепак успева да собере најбројна публика меѓу најголемите новински телевизиски мрежи.

ЕУ ќе крати британска телевизија

Европската Унија решила дека после Брегзит е недозволиво британските телевизиски и филмски содржини и натаму да доминираат на континентот. Му штетело тоа на европскиот културен диверзитет.

Кога другите диети ќе потфрлат: Катанец за вилица

Се рекламира како „прв во светот“ и станува збор за уред кој ви ги затвора вилиците и ве принудува да користите само течна храна. За жал на оние околу вас, ќе можете да зборувате.

Катанци за дебели

Се работи за сосема нова диета која се базира на еден многу основен принцип - ако сакаш да ослабе не му давај на дебелиот да отвори уста.

Училишта без мобилни, за „спокојни училници“

Забрана за носење мобилни телефони во училишта е една од опциите што британската влада ги разгледува како дел од мерките за решавање на слабата дисциплина во училниците низ земјата.