Бустираните имаат поголеми шанси да се заразат

Истражувајќи податоци од 96.000 затвореници во 33 државни затвори во Калифорнија за да се процени ефикасноста на новите бивалентни вакцини кои беа воведени лани есента, студија обелоденува дека бустираните лица имаат поголема стапка на заразување од оние кои не примиле вакцина.

Популацијата на бивалентни приматели била повисока од невакцинираните - 36.609 во споредба со 20.889 - а стапката на инфекција поголема: 3,2 проценти наспроти 2,7 проценти кај невакцинираните.

„Бивалентно вакцинираната група имаше мала, но статистички значајно поголема стапка на инфекција од невакцинираната група“, велат авторите.

Стратифицирајќи според возраста, јазот бил најголем меѓу затворениците постари од 65 години: 6,4 тсто кај вакцинираните и 4,5 отсто кај оние кои не примиле вакцина.

Во истражувањето не влегле оние кои примиле постари вакцини.

Истражувачите ги признаваат негативните резултати, но пишале дека „Студијата сугерира дека иако бивалентните вакцини веројатно нудат заштита од пожесток развој на болеста, тие можеби не нудат значајно намалување на ризикот од заразување“.

За пензионираниот доктор Реј  Ендрјус, ваквиот речник е пример за замаглување на научните податоци.

„Зборовите 'веројатно' и 'можеби' не се научни термини туку лични мислења,“ им рекол на Епок Тајмс доктор Ендрјус за кого добиените резултати покажуваат дека бивалентните вакцини не се ефикасни.

Други опсервациони студии покажаа дека бивалентните вакцини нудат краткотрајна заштита од сериозни компликации.

Француски истражувачки проценија дека бивалентните вакцини додаваат само 8% заштита од симптоматска инфекција, додека во Јужна Кореја проценија 12%. Катарска студија пак, процени 25% релативна ефикасност која е помала кај оние кои претхдно немале инфекција.

 

10 септември 2023 - 10:19