Испитувањето го прават научници од Белгија кои тестираат 39 брендови на цевки направени од хартија, бамбус, стакло, нерѓосувачки челик и пластика. Од нив во 27 имало ПФАС, група на синтетички хемикалии кои се користат за одреден производ да се направи отпорен на флеки, маст и вода.
Хемикалиите ги имало кај 18 од 20 тестирани брендови на хартиени цевки, четири од пет бамбусови, три од четири пластични и кај два од пет брендови стаклени. Сите пет брендови на цевки од нерѓосувачки челик биле без ПФАС хемикалии.
Лошата страна на овие хемикалии е што влегуваат во групата „вечни хемикалии“ кои трајно остануваат во воздухот, водата или почвата.
Изложеноста на ПФАС се поврзува со висок холестерол, раѓање новороденчиња со ниска тежина, заболување на тироида и зголемен ризик од рак на бубрези и црни дробови.