„Цензурата е многу реален проблем за оние кои претрпеле штета од вакцината или пак имаат такви блиски. Нивните групи за поддршка беа затворани од платформите на социјалните медиуми, а нивните искуства беа игнорирани или цензурирани од главните медиуми“.
Ова го изјави претставничка на една од таквите групи во една - 100 милиони фунти скапа - британска истрага, во врска со ковидот која треба да ја оцени исправноста на владините потези за време на пандемијата.
Во име на вакциналните жртви, таа рече дека се соочуваат со стигма и злоупотреби во нивното споделување на симптомите во контекст на ковид вакцините па дури и ги прогласуваат за анти-ваксери.
Затоа, кога решаваат да споделат нешто за ова на интернет платформа, често користат кодирани пораки, и за да не бидат погрешно разбрани и осудувани и за да не бидат цензурирани.
Истражување меѓу членовите на една од овие групи покажало дека 73% во некој момент од преживување на маките размислувале за самоубиство.
Истрагата вклучила и сослушувања на здравствени работници кои биле свесни за несаканите последици и кај себе и кај пациентите, но не можеле да зборуваат за тоа на работните места од страв да не бидат казнети од шефовите.