Индустријата за инсекти очекува деновиве европските власти за безбедност на исхраната да дозволат на територијата на ЕУ јадење на цели или мелени бели црви, штурци, скакулци и слично.
Откако ќе ја минат и „последната бариера“ бубачките ќе треба да почекаат некаде од есен да почнат да се произведуваат и продаваат низ Европа.
Претставниците на индустријата за инсекти, кои веројатно ја немаа чуено приказната за еден Кинез што изеде лилјак пред некое време, изјавуваат дека од ЕУ им бараат прилично многу документи, меѓутоа тие „со нетрпение чекаат да ја добијат дозволата“.
Бубачки веќе се консумираат во неколку земји од ЕУ, меѓутоа тоа се уште не е дозволено на ниво на целата Унија.
Еден осврт на јадењето бубачки: