„Дополнителното еко- оданочување на месото е ужасна идеја. Прво, тоа нема да функционира. Последен пат кога британската влада се обиде да ја оданочи исхраната беше кога ја наметна давачката за слатки пијалоци во 2018 година, што немаше мерливи ефекти врз консумирањето шеќер или дебелината“, пишува Џејсон Рид од „Младите гласови“.
Уште побизарно е, забележува тој, што данокот на месо многу малку би ѝ помогнал на планетата, дури и да успее да ја обесхрабри потрошувачката на месо. Замените за месо како што е тофу, кои даночниците планираат да ги јадеме наместо месо, се направени од соја. Познато е дека производството на соја ја уништува плодноста на почвата и биодиверзитетот и попат го забрзува уништувањето на шумите. Нејзините сопствени емисии на стакленички гасови се исто така значајни.
Едно нешто што го постигна данокот за безалкохолни пијалоци - како што ќе биде и со данокот за месо - беше зголемување на цените.
Со цените и инфлацијата кои во цела Европа растат (а кај нас дивеат), дополнителното пумпање на цената на на основните прехранбени производи за семејствата кои и сега се борат да врзат крај со крај е, во најмала рака, кратковидо.
На име на даноците за шеќер, граѓаните беа олеснети за милијарди долари. Данокот за месо може да се покаже уште поскап за оние кои најмалку можат да си го дозволат месото, особено затоа што наводно поприфатливите еколошките замени за месо се значително поскапи.
„Климатските промени брзо стануваат прва линија во битката против државата дадилка. Познати играчи сакаат да оданочат и да забранат нешта што не им се драги - месото, шеќерот, бензинските автомобили - без разлика колку тоа ќе ги чини сите други. Ако им дозволиме да тргнат по тој пат, тоа никогаш нема да заврши. Данокот за месо нема да ѝ помогне на планетата, но ќе им наштети на нашите паричници, на нашите начини на исхрана и, што е најлошо, на нашата основна слобода на избор“, пишува Рид.
******************
Види и:
Пушењето, лагите и државата-дадилка
Фабрикуваниот консензус за климата ја уби дебатата
Нобеловец против климатската хистерија