Во рок од неколку недели по добивањето на втора Фајзер доза, децата почнуваат да развиваат прогресивно ослабуван имунитет што ги прави податливи домаќини за разни болести.
„Нашата студија покажа дека кај децата, вакцинацијата со мРНК ги намалува реакциите на цитокините“, пишуваат авторите.
А цитокините, се критични за соодветно имунолошко функционирање. Интерферонот, кој е само еден пример за цитокинскиот систем, му помага на телото да ги нападне и неутрализира напаѓачите кои дошле од надвор.
За среќа на децата, имунолошкиот одговор на бактериите на крајот се враќа во нормала. Меѓутоа, за вирусите, истражувачите забележале дека нарушениот имунитет трае најмалку шест месеци, односно онолку колку што траела студијата.
„Доколку студијата отиде подалеку од шест месеци, големи се шансите истражувачите да откријат дека ослабениот имунитет на децата на вируси трае многу подолго - можеби трајно“, претпоставува Nature News.
Напонуваат дека студијата од Frontiers in Immunology сепак се однесува на мал примерок испитаници.