Французите откриваат дека 70% од рестораните во Париз кои нудат домашна храна, всушност служат загреана фабрички произведена храна. Ова го решаваат со воведување закон со кој секој што лаже дека служи домашна храна се казнува со 300.000 евра. Сега треба да решат од каде точно почнува домашното готвено.
Тоа што вам ви е смешен Џон Оливер, не значи дека и е интересен и на воената хунта на Тајланд, посебно кога ја исмејува владата и монархијата на земјата.
Кикстартер идејата да се соберат 10 долари за правење компир салата, заврши со неверојатни 50.000 долари. Иако признава дека сè почнало како заебанција, човекот кој ја водеше оваа лудо успешна кампања има пар совети за сите оние кои планираат да соберат пари од луѓе на интернет.
Во Британија се колат 17 милиони птици неделно. Гардијан прави тајна истрага за хигиенските услови на фармите и фабриките за пилешко месо кои ги снабдуваат најголемите супер-маркети и ланци за брза храна во земјата - KFC, Теско, Алди, Асда. Целата работа ја снима.
Фајт Клуб, Да се биде Џон Малкович, Матрикс, Блер вич проект, Магнолија. Тие ја предвидоа револуцијата во филмот, која никогаш не се случи, пишува Ескваер.
Зградата е веќе изградена, и е предвидена за луѓе кои се подготвени да живеат во најмалите можни станови на светот. Микро-становите ќе почнат да се продаваат од 26-ти јули, (а покрај тоа како ви изгледа насловот) се меѓу подостапните домови на пазарот. Локација, едно од најнаселените места на светот - Хонгконг.
Владите на државите кои полошо стојат од Данска на глобалниот индекс на среќата можат да накриват капа: одговорот зошто Данците секогаш се на врвот на среќните луѓе на оваа планета да ти лежел во генетиката.
Досега имаше летен, зимски, бањски, планински, здравствен, верски... Сега има и црн, односно мрачен туризам. Се сеќавате како скопјани сеиреа гледајќи што се случува во Арачиново?
Пред десетина години, Роуд Ајленд несакајќи ја легализира проституцијата која се одвива во затворен простор, И тогаш, во државата се случува нешто прекрасно.
Како што со стареење еволуира твојот вкус за храна, така и твојот организам не се однесува исто кон една иста храна ако ја јадеш на 20 и ако ја јадеш на 60 години. Во основа колку повеќе старееш, толку е покревок организмот во однос на твоето мени. Ова се некои од правилата препорачани од нутриционистката и порпарол на Британската диететска асоцијација - Хелен Бонд.
Сопругата била во такси накај аеродром со кој заминувала на 10 дневно деловно отсуство. Сопругот ѝ пратил писмо во кое педантно ѝ набројува зошто нема да му биде тешко да издржи без жена.
Моментално проблемот со прехранувањето на светската популација не е дека не се произведува доволно храна, туку што премногу голем дел од произведеното се фрла. Некогаш и само заради тоа што нешто изгледа грдо.
Таблите со упатства како функционира паркингот знаат да бидат збунувачки, и овде и во Америка. Таму некој се сетил како да го реши проблемот и да ги направи визуелно разбирливи, ние да се сетиме да копираме.
Идејата е дека жените треба да почнат да прифаќаат машки навики, и да почнат да избираат пиво наместо коктели, или да ја отфрлат диеталната храна во корист на полномасни алтернативи, а сето ова доаѓа од човек кој цел живот го има посветено на слабеење мажи и жени.
Откако гласините излегоа точни, Тајм Ворнер ја одби првата понуда за купување од Руперт Мердок. Медиумскиот могул беше подготвен да плати - 80 милијарди долари.
Истражувачи прават анализа за тоа како дистракциите влијаат на работата и есеите на студентите. Потоа им текнува дека има една друга група што цело време е на компјутер и едвај чека некој да им го оттргне вниманието - групата во која влегуваш ти што го читаш ова на работа.
Главниот проблем со раскинувањето е што е многу помалку забавно отколку заљубувањето во некого. Во пракса, откажувањето од вашиот партнер за организмот е слично како и откажување од кокаин (освен ако партнерот не бил потоксичен, па целата работа да е бетер).
Не се случува баш често научни истражувачи да вртат грб на проект од нивен сектор кој ќе им донесе близу 1,5 милијарди долари. А токму тоа му се случува на еден проект на Европската Унија кој е пред бојкот од самите изведувачи на проектот.