Во студијата на истражувачите од Џорџ Менсон Универзитетот направени се неколку експерименти, во кои на студентите на различни начини им е прекинат процесот на работа и пишување. Секогаш меѓу нив имало и една контролна група, на која никој не и пречел.
На крај, како и да ги вртеле експериментите излегувало дека тие што биле оставени на раат имаат најдобри резултати, по нив била групата на која и било попречувано додека правеле план за работа на есејот, а најмногу штета имало кај оние на кои им било попречувано додека ја пишувале темата. Исто така било откриено дека во резултатите помага давањето дополнително време за да надоместување на прекините.
"Има разлика меѓу мултитаскинг и неочекувани прекини. Кога вршиш повеќе работи од еднаш, ти ја имаш контролата, ти менуваш меѓу задачи по сопствена одлука. Кога те прекинуваат, некој друг ја организира структурата на текот на твоите мисли. Иако овие две работи се доста слични, ова се комплетно различни парадигми. Мултитаскингот за многу луѓе може да биде комплетно ефективен и може да нема никакво влијание на она што го работиш," стои во заклучоците на истражувањето.
Уште одма истите овие заклучоци појаснуваат дека пишување на Гчат, Скајп, Вајбер, СМС и слично, не се смета за мултитаскинг: "Секој пат кога ќе пристигне меил, секога пат кога ќе испратиш порака, се троши по малку време. Луѓето мислат дека можат да работа и да бидат продуктивни и покрај сите овие прекини, ама нашите истражувања покажаа дека не можат."
"Ако правиш нешто важно, обиди се да ги намалиш надворешните дистракции најмногу што можеш. Исклучи го мобилниот. Исклучи го Твитерот и меил нотификациите. Можеш да живееш без нив час или два," предлага ко-авторот на истражувањето Сајрус Форуџи.