Се работи за Human Brain Project, амбициозен европски проект за мапирање на активностите на мозокот со помош на нови технологии. Всушност, некои од предвидените технологии се толку нови што сè уште не се ни измислени, што е еден од парадоксите на кои укажуваат стручњаците од овој сектор.
580 еминентни научници го потпишаа отвореното писмо до Европската комисија која е спонзор на проектот во која се укажува на бирократизирањето на науката и апсурдноста на проекти кои доаѓаат од политички а не научни центри.
Суштината на нивните забелешки е во тоа што според нив, ниту според утврдените цели ниту според структурата, овој скап проект може да даде битни резултати.
Навестуваат дека во случај проектот да не биде целосно преработен, тие се подготвени целосно да го бојкотираат и да не се пријавуваат за грантови.
HBP е предвиден да трае 10 години и за него државите од ЕУ ќе одвојат милијарда евра. Слични критики на сличен проект нарачан од државата своевремено доживеа и американската иницијатива BRAIN (Brain Research Through Advancing Innovative Neurotechnologies), вредна 4,5 милијарди долари.