Обично имаат премногу текст и премногу правила: од кога до кога може, кога не може, колку е максималното дозволено време, колку се плаќа во првиот час, колку после тоа, кога е бесплатно.....
Затоа и ќе видите луѓе како зинати стојат пред таквите табли, како да читаат организациона шема на Илуминатите.
Исто и во Америка. Тоа долго и бодело очи на дизајнерката Ники Силиантенг која сега живее во Бруклин па решила сама да направи нешто околу тоа.
Наместо милијарда текст, прибегнала кон чисто и разбирливо графичко решение, со јасни временски зони обележани со различни бои, 24/7. По неколку итерации, концептот го избистрила па е сега употреблив и за далтонисти.
Засега решенијата функционираат герилски, бидејќи Ники оди по Бруклин и ги лепи своите плакати под официјалните паркинг табли. Нејзините пријатели ги викаат "функционални графити."
Под една нејзина табла некој напишал: "Ова е генијално, треба градоначалникот да те вработи".
Така е.