Да бидеш ценет како вработен нема врска со часовите поминати во канцеларија туку со квалитетот на она што го работиш и врските кои ги развиваш со останатите од екипата, сумира Лиза Орб Остин, психолог кој се занимава со тн тренинг на извршни директори.
Таа вели дека многумина вработени имаат чувство дека треба да поминуваат подолго на работа за да им покажат на шефовите колку се вредни и посветени на работата.
"Важно е да ги разберете критериумите по кои ве оценуваат, а часовите поминати во канцеларија обично не е еден од нив."
Уште една причина зошто не треба на работа да останувате подолго од шефот: затоа што може да помисли дека доаѓате долго пред него/неа и останувате долго по него/неа па на крај очекува да сработите нешто што одговара на 10 часовен работен ден.
"Сум слушала менаџери како не можат да разберат зошто некои вработени остануваат толку долго на работа. Некои од нив помислуваат дека доброволно продолжено работно време е знак за нечија неспособност да се исполнат задачите во нормален рок," вели таа.
Не е занемарлив ниту ефектот на чмаење на работа врз останати аспекти на нечиј живот. Погрешен баланс меѓу работата, слободното време и друштвениот живот, на долги патеки ги намалува самите перформанси на работењето, порачува психологот кој ги знае директорите.