Треба.
Тоа е зборот од чие откажување почнува подобриот живот, и тоа веднаш, пишува Сара Винфри од Wise Bread. Луѓето не треба постојано да најавуваат што треба да прават или да се каат што требале да направат во минатото, бидејќи тоа ги отргнува од вистинското учество во својот живот.
Зборовите знаат да ги обликуваат нашите мисли. Различни култури различно гледаат на времето (повеќе за ова во одличната презентација на Илина за ТЕД). За Абориџините од Австралија, на пример, времето не тече назад- напред туку запад- исток.
Јазикот го условува и она што го паметиме. За една иста сообраќајка која со свои очи ја виделе, Англичанец најверојатно ќе рече "Сината кола удри во црвената", додека Шпанец би пренел "Се судрија две коли". Бидејќи Англичани почесто памeтат КОЈ направил нешто, особено ако е лошо, отколку Шпанците.
Сега ТРЕБА и да објасниме што е толку лошо во "треба", ама ја научивме лекцијата па читајте сами.