Не суди по амбалажи

Моментално проблемот со прехранувањето на светската популација не е дека не се произведува доволно храна, туку што премногу голем дел од произведеното се фрла. Некогаш и само заради тоа што нешто изгледа грдо.

 

Ваквиот проблем го имаат разработено и од францускиот супермаркет Интермарш (трет по големина во земјата) и сфаќаат дека само заради тоа што нешто е грдо, не мора да значи дека не е вкусно.

Тие почнуваат нова кампања, Неславните овошја и зеленчуци, во која од своите снабдувачи бараат да им бидат испорачани и сите овошја и зеленчуци што се здрави, ама грди на изглед и генерално не би се појавиле на рафтовите на кој било супермаркет.

"Неславните" добиваат сопствен рафт во супермаркетите на Интермарш, рамо до рамо со здравите, и се продаваат по 30% пониска цена (што е пак далеку поголем ќар отколку да се фрлаат).

За сега најголем проблем им е да успеат да ја покријат побарувачката.

20 јули 2014 - 14:05